17:56 - 2 ноември, 2026

Доктор Зангрило ја демантира смртта на Раиола, огорчен од псевдо-новинарите: „Тој се бори! Огорчен е од оние кои шпекулираат“

Мино Раиола – италијански фудбалски агент познат по тоа што застапува голем број добро познати играчи – не е мртов!

По многуте вести објавени во главните италијански и странски весници, за вистинската информација се погрижи неговиот личен лекар – како и претседател на болницата Сан Рафаеле – Алберто Зангрило.

„Тој се бори. Револтиран од оние кои шпекулираат за неговиот живот“, изјави тој за агенцијата АНСА. Ова е целосната реченица што ја кажа: „Огорчен сум од телефонските повици на псевдо новинари кои шпекулираат за животот на човек кој се бори“.

Пред половина час на Твитер се огласи и самиот Раиола погласините за неговата смрт кои брзо се проширија во последните неколку часа.

Одговорот е во полн стил на Раиола. „Моментална здравствена состојба за оние кои се прашуваат: изнервиран по втор пат во 4 месеци ме убиваат. Изгледа дека можам да воскреснам“.

Во моментов Раиола, како што објасни директорот на Одделот за анестезија и интензивна нега во Сан Рафаеле, Алберто Зангрило, е во тешка состојба хоспитализиран во институтот.

Слични објави

Перо Антиќ со најважните момчиња во неговиот живот – Една фотографија кажува сè

Еспресо

Четири хороскопски знаци ги очекува нова љубов до крајот на 2026 година

К.С.

(Фото) Маја Шупут му го честиташе роденденот на 16 години помладиот дечко: Ми го преврте светот наопаку

Еспресо

(Фото) Елена Велевска во елегантно црно издание — пејачката привлече внимание со својот стил

К.С.

Николина Пишек за насилството што го доживеала: „Кога сакав да си одам, сопругот ми стави пиштол на масата“

Еспресо

(Фото) Розова перика и кратко фустанче – ќерката на Здравко Чолиќ се маскираше за Ноќта на вештерките

Еспресо
Се вчитува....