5.8 C
Скопје
03:12 - 1 април, 2026

Доделувањето на МТВ наградите се откажа: „Не е момент за славење“ поради војната во Израел и Газа

Доделувањето на Европските музички награди – MTV Awards што требаше да се одржат следниот месец во Париз се откажани, соопштија организаторите во четвртокот, наведувајќи ја „нестабилноста на светските настани“ за време на конфликт во Израел и Газа.

Церемонијата на доделување на наградите, на кои меѓу номинираните беа и Тејлор Свифт, Оливија Родриго, Бад Бани и Фу Фајтерс, требаше да се одржи на 5 ноември.

„Со оглед на нестабилноста на светските настани, решивме да не продолжиме со MTV EMA наградите за 2023 година поради голема претпазливост кон илјадниците вработени, членовите на персоналот, уметниците, обожавателите и партнерите кои патуваат од целиот свет за да присуствуваат на овој настан“, се вели во соопштението.

„Годишните награди на МТВ се глобална прослава на музиката“, рече портпаролот, додавајќи дека „ова не изгледа како момент за глобално славење“ бидејќи војната во Израел и Газа продолжува.

„Со илјадници изгубени животи, ова е момент на жалост. Со нетрпение очекуваме повторно да бидеме домаќини на MTV EMA наградите во ноември 2024 година“.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....