00:58 - 6 април, 2026

Додека блескаат блицовите, Селма Бајрами самоуверено чекори по црвениот тепих, позирајќи како холивудска ѕвезда

Сараевскиот филмски фестивал традиционално ги собира најголемите имиња од регионот, а оваа година вниманието на присутните го украде стајлингот на Селма Бајрами. Фолк дивата Селма Бајрами се појави во црна провокативна тоалета со кристали и длабоко деколте.

Додека блескаа блицовите, Селма самоуверено чекореше по црвениот тепих, позирајќи како холивудска ѕвезда. Публиката шепотеше дека таа е најголемата атракција на фестивалот, а гламурозното издание на фолк дивата не остави никого рамнодушен.

Instagram

Свое мислење даде и познатиот креатор и моден критичар Давид Ќурчиќ, кој не го криеше своето воодушевување:

– Селма буквално одеше како да е родена за црвениот тепих – ова е издание за паметење! Провокација, гламур и став, сè во едно. Во море од здодевни тоалети, таа донесе нешто поинакво и создаде спектакл. Тоа е вистинската Селма – рече Ќурчиќ.

Црвениот тепих во Сараево доби нова икона на вечерта – во ликот на Селма Бајрами, која докажа дека знае како да направи шоу дури и кога не пее.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SELMA BAJRAMI (@selmabajrami.star)

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....