5.8 C
Скопје
03:57 - 31 март, 2026

Доаѓа ли Џенифер Лопез навистина на приватен настан во Белград: „Не смее да биде вознемирувана од гостите ниту од медиумите“

Српските медиуми најавуваат дека Џенифер Лопез наводно ќе дојде во Белград, а нејзиниот настап на приватна забава ќе чини 200 илјади евра. Според српските портали, организирано е да слета на белградскиот аеродром до приватен авион, а на пистата ќе биде пречекана со луксузен мерцедес. Оттаму директно ќе биде однесена на настанот каде што треба да настапи со две три песни.

Извор за српски Курир тврди дека Лопез ќе биде час до два часа на забавата, а потоа веднаш се враќа за САД, и дека „нејзиниот тим не побарал никакви дополнителни услови, со исклучок на молба медиуми да не присуствуваат на настанот, ниту да биде вознемирувана од гостите“.

Изворот тврди и дека истиот менаџер кој ја носи Лопез во Белград, веќе донел неколку познати ѕвезди во Србија.

Настапот на Џенифер е планиран за крајот на мај. Колку се вистините овие гласини, останува малку да почекаме.

Инаку, вчера популарната Џенифер Лопез ги израдува своите фанови со новите фотографии создадени во рамките на кампањата за модниот бренд Revolve.

Таа во соработка со нив ја најави својата нова линија на чевли.

Џенифер позираше облечена во боди и проѕирно здолниште, кое ги истакна нејзините нозе.

– Сакам чевли – напиша во описот на фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Инаку, таа веќе со години соработува со компанијата DSW, а ова е прва реклама за Revolve.

Џенифер во последно време ги занемари промоциите на своите песни, а се посвети на промовирање модни линии и козметички производи.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....