05:02 - 10 јануари, 2026

Дино Мерлин првпат за приватниот живот: За само неколку дена заработи 3 милиони евра, а вака живее зад камерите!

Сараевскиот поп музичар Дино Мерлин поради огромниот интерес одржа дури четири концерти во белградската арена, а исто толку пати се појави и пред загрепската публика која го поздрави со громогласен аплауз.

По овој повод пејачот ја искористи приликата да даде интервју за хрватските медиуми, а зборуваше и за бројни актуелни случувања, за самиот концерт, но она што е многу ретко – зборуваше за својот приватен живот. На сцената во Арена Загреб се пофали дека станал дедо, а сега истакна колку е горд на своите деца.

Познато е дека има две деца, ќерката Наида и синот Хамза, кои ретко може да се видат во јавноста. Не се занимаваат со јавна работа и никогаш не сакале поради нивниот татко да бидат во медиумите.

– Тоа е многу интересно, знаете како дише постоењето – вака е брановидно. Вака со овие бранови на животот доаѓаат среќни и помалку среќни моменти, но секогаш е важно да бидете достојни за моментот во кој сте. Важно е да останете човек во најелементарните работи. Да речеме, јас сум многу среќен поради тој приватен дел, затоа што никогаш нема да прочитате дека син ми вози ламборџини или ферари, дека се арогантни, дека „шмркаат“… Моите деца се пристојни, вредни – објаснил Дино за ХРТ.

– Најголема среќа ми е кога ќе дојде таксист и ќе каже: „Ги знам твоите песни и сè, но твоите деца се толку скромни“. Е тоа е твоето најголемо достигнување. Мило ми е што живееме еден пристоен живот и сме солидарни со луѓето – додал Дино Мерлин.

Инаку, Дино Мерлин два викенди по ред одржа концерти во загрепската арена, а сите четири концерти беа преполни. Билетите за концертите беа распродадени со месеци однапред, а цените во предпродажба воопшто не беа ниски. Дино за еден концерт земал 770.000 евра, а за четири нешто повеќе од 3.000.000 евра.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....