-2.2 C
Скопје
23:10 - 17 декември, 2025

Диета што спречува создавање камен во бубрегот

Да се спречи повторното настанување на камен во бубрегот, откако веќе сте се ослободиле од него, претставува главна задача и на пациентот и на лекарот.

За спречување на повторна појава на каменот во бубрезите потребно е да се промени начинот на исхрана. За да се направи правилен диететско-хигиенски режим, задолжително се прави хемиска анализа на камчето за да се види кој минерал доминира, односно кои производи придонесуваат за неговото создавање.

Докажано е дека доколку се примени адекватна диета, до повторна појава на камен во бубрегот во следните пет години доаѓа само кај 20 отсто од пациентите. Но, ако не се примени диететско-хигиенскиот режим, процентот на пациентите кај кои повторно се појавува каменот е дури 80 отсто.

Покрај специфичните диети што се применуваат при лекувањето, постојат и општи мерки во спречување на настинки и воспаленија предизвикани од каменот во бубрег. Овие мерки подразбираат што повеќе да се земаат течности, најмалку една чаша вода на секои два часа, а навечер пред спиење околу три литри вода. Олку голема количина вода единствено може да биде опасна кај хипертоничарите и оние со срцеви и бубрежни болести. Истовремено, би требало да се заштитите од губење на течностите преку прекумерно потење, тешка физичка работа, сончање, изложување на високи температури, прекумерно занимавање со спорт, претерана употреба на лекови за чистење на цревата…

Важно е и да се избегнуваат стресови, алкохол, газирани пијалаци, концентрирани шеќери – како што се мед и овошен сируп, слатки, вештачки засладувачи и соли.

Онаму каде што ќе се востанови дека во каменот доминираат минералот калциум и оксалати (калциум-оксалатен камен), се препорачува избегнување на зелен зеленчук, но и на цвекло, а од овошјето да не се консумираат јаболка, грејпфрут, рибизли, малини, јагоди, капини, боровинки и сливи. Од месо не е пожелно јагнешко и овчо месо, а од пијалаците да се избегнува кафе, какао, чоколадна напивка, кола пијалаци и силни чаеви. Исто така е важно да не сe претерува со домашните чаеви како што се нане, камилица, магдонос, увин и овошен чај.

При диета за оние кои имаат фосфатен камен и песок во бубрегот, би требало да се избегнува риба, жолчка, јајца, млеко (дневно може по 1 чаша млеко и половина литар јогурт) и млечни производи. Посебно е важно да се воздржувате од стари полномасни (овчи) сирења и тврди кашкавали како што се едамер, ементалер и пармезан. Пожелно е да не се консумира грав, грашок, леќа, боранија, ореви, бадеми, лешници, кикиритки, кафе и газирани пијалаци.

Диетата за уратен камен и песок подразбира избегнување на консумација на изнутрици, пред сѐ, на црн дроб, но и на мозок, црева, коскена срж (супи и бујони од коски). Исто така, не се препорачуваат грашок, грав, леќа, бадеми, ореви, лешници, кикиритки, соја и печурки.

Слични објави

„Мојта прва сопруга е преубава, а никој не пишува за неа“: Ова е поранешната сопруга на Данило Икодиновиќ 

E.A.

„Срцето ми беше полно што е тука“: Саша Ковачевиќ ја поканил поранешната девојка на концерт иако не ја видел одамна

E.A.

(Фото) Ова е единствената фотографија од првата жена на Раде Шербеџија: Во песна признал дека е виновен за крахот на бракот со Иванка

E.A.

Нада Топчагиќ искрено проговори за изгледот на колешката Вера Матовиќ: „Направила убави операции, но не може да ги скрие годините“

apostolova

Сексуално ги вознемирувал колешките под дејство на дрога: Хрватски режисер трајно исфрлен од Друштвото на хрватски филмски режисери

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ ја покажа својата ќерка: По концертот на Саша Ковачевиќ, директно кај својата миленичка

Еспресо
Се вчитува....