7.8 C
Скопје
23:57 - 22 март, 2026

Џони Деп ја прослави победата против Амбер Херд со вечера од 60.000 евра, еве што имало на маса

Сопственикот на ресторанот, Мохамед Хусеин, го откри менито кое, меѓу другите јадења, вклучувало пилешко тика масала, јагнешко карахи, буна ракчиња придружени со ориз басмати.

Џони Деп ја прослави судската победа над поранешната сопруга Амбер Херд во индиски ресторан во Бирмингем со пријателите и плати сметка од околу 60.000 евра.

Во елегантниот ресторан Варанаси, на актерот (58) му се придружија неговиот пријател музичар Џеф Бек (77) и уште 20 луѓе. Групата уживаше во банкет со индиска храна подготвена специјално за нив, бидејќи ресторанот беше затворен за други клиенти.

Јадењето било разубавено со разни коктели и розе шампањ, пишува „Дејли Меил“.

Сопственикот, Мохамед Хусеин, го откри менито кое, меѓу другите јадења, вклучувало пилешко тика масала, јагнешко карахи, буна ракчиња придружени со ориз басмати. Со вина, шампањи и коктели сметката дошла околу 60.000 евра, а платил – изгледа – Деп.

Хусеин рече: „Тој е прекрасен, приземјен и помина многу време разговарајќи со персоналот, нашите пријатели и моето семејство. Со задоволство направи неколку фотографии со нив. Многу време ни посвети “.

Во Обединетото Кралство, Деп се приклучи на турнејата на Бек и настапуваше на концерти во Сејџ Гејтсхед во Северна Англија, Глазгов и лондонската Ројал Алберт Хол.

Слични објави

Кралицата Камила се почести со „нови“ веѓи, ги платила 1700 евра

Еспресо

„Не е во нивна сопственост“: Ана Николиќ и Рале се иселиле од куќата на Авала, еве каде живеат сега

Еспресо

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Еспресо

„Сакам постари, ама не баш толку“: Коментарот на Јаков Јозиновиќ за Наташа Беквалац стана хит

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо

Астросовети за секој хороскопски знак за неделата што следи – дали ѕвездите се на ваша страна?

Еспресо
Се вчитува....