2.8 C
Скопје
17:57 - 20 декември, 2024

„Џони Деп ги стави прстите во мојата вагина за да бара кокаин“: ШОКАНТНИ СВЕДОЧЕЊА НА АМБЕР ХЕРД

Амбер Херд низ солзи во судницата се сеќава на болни и страшни моменти во бракот со холивудскиот глумец, Џони Деп. 

„Тука сум затоа што мојот поранешен сопруг ме тужеше. Немам зборови да опишам колку е ужасно “, рече актерката. „Се борам да најдам зборови за да опишам колку е ова болно. За мене е страшно да седам тука со недели и повторно да го преживувам сето тоа“, изјави ѕвездата на Аквамен чие сведочење се очекува да трае неколку дена.

„Бевме вљубени“, рече таа, одговарајќи на прашања на неговиот адвокатски тим. Амбер Херд додаде, задржувајќи ги солзите, дека да се биде со Деп „беше апсолутна магија“. „Почувствував дека тој човек ме познава, ме виде, како никој пред него“, подвлече актерката зборувајќи за патувањето со нејзиниот партнер во 2011 година за да го промовира филмот „The rum diary “ во кој и двајцата глумеа.

„Кога бев со Џони се чувствував како најпрекрасната личност на светот. Тоа ме натера да се чувствувам видлива. Ме направи да се чувствувам како да вредам милион долари“, продолжи Херд.

„Никогаш нема да го заборавам првиот пат кога ме удри. Тоа ми го промени животот. Отпрвин се насмеав, мислев дека се шегува “. Така, Амбер Херд ја опиша, како што рече, првата епизода на насилство од страна на поранешниот сопруг Џони Деп, кој ја тужи за клевета.

„Ми удри шлаканица без причина додека водевме нормален разговор седејќи на софата“ и „имаше лименка кокаин во близина“, рече Херд на првиот ден од нејзиното сведочење во судницата во Ферфакс, Вирџинија. Вознемирен и плачлив Џони потоа се извини: „Нема да го повторам тоа“, рече тој, „Мислев дека го фрлив ова чудовиште“.

Сведочењето се затвори вечерта откако Херд раскажа за турбулентното патување со брод на Бахамите со двете деца на Џони Деп. Актерот бил нервозен и често пијан, зашто сакал да ја продаде својата јахта на писателката Џ.К. Роулинг. Ќерката Лили-Роуз, исто така, била вознемирена од неумереноста на нејзиниот татко, и Деп ја обвинил Амбер, сведочеше актерката.

Херд изјави дека во таа прилика Деп ѝ се заканил дека ќе ја убие: „Ме фати за врат и така остана една минута велејќи дека можел да ме убие“. Амбер потоа ја напуштила јахтата со хеликоптер заедно со ќерката на Џони во солзи. Оваа приказна предизвика најостра реакција кај Деп во текот на целиот ден на судењето: кога адвокатот на Амбер на судот покажал СМС порака што и ја испратил откако си заминал, актерот одмавна со главата и рекол „вау“.

За време на нејзиното сведочење на тековното судење за клевета во Вирџинија, Амбер Херд раскажала две епизоди на насилство кои веќе делумно ги очекуваа сведоците во последните неколку недели: онаа во која, според неа, Џони Деп ги протнал прстите во нејзината вагина во потрага по кокаин, и уште една во која актерот во напад на бес го држел кучето преку прозор.

Во мај 2013 година, Херд и Џони Деп биле на одмор во приколка во Хиксвил, Калифорнија. Една ноќ седеле околу оган, а една жена блиска до Херд, под влијание на дрога, ја потпрела главата на рамото на актерката. „Џони се налути. Мислевме дека се шегува. Жената со насмевка рече: „Еј човеку, што правиш?“. А тој: „Мислиш дека ја допираш мојата е*ана девојка? Таа е мојата е*ана девојка“.

„Почна да плаче и ја крена раката. Џони ја фати за зглобот, ѝ ја изврте раката и ја повлече кон себе. Тогаш тој и рекол: „Знаеш ли колку килограми притисок се потребни за да се скрши човечки зглоб?“. Таа плачеше“. – објаснува Херд и продолжува – „Џони ми рече дека не сум бил искрен за мојот однос со таа жена“.

Кога парот се вратил во приколката, тој продолжил да ја обвинува дека лаже. „Почна да ги уништува работите. Зеде нешто од масата и го фрли преку стаклото“. „Тој врескаше по мене, конечно стигнав  во спалната соба, а тој ме следеше. Бараше нешто. Отидов во бањата и кога излегов ме праша каде е и колку време го кријам“. „Тој ми рече: „Знаеш за што зборувам, биди искрена со мене. Каде го криеш? “. Потоа „почна да ме гали, ми го искина фустанот. Ме фати за гради, ме допре по бутовите, ми ги скина гаќите и почна да ја пребарува вагината. Тој рече дека го бара својот кокаин, неговата кока-кола“.

Таа понатаму ја објаснува на судот и случката кога на едно патувње со автомобил го држел кучето низ прозорец.

„Тој го отвори прозорецот. Во еден момент почна да завива низ прозорецот и го грабна своето куче Бу, малку поголем Јорки. Го зема и го држеше низ прозорецот на автомобилот во движење. Завиваше како животно додека го држите кучето низ прозорецот“.

„Сите во автомобилот без здрвени. Никој ништо не направи. А јас бев растргната околу тоа што да правам. Не сакав да направам ништо што ќе го натера да го пушти кучето низ прозорот. Никој ништо не направи. На крајот му ги вратив рацете во возилото и го вратив кучето на седиштето“.

Слични објави

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо
Се вчитува....