05:00 - 20 декември, 2025

ДЕТАЛИ ЗА СВАДБАТА на Бруклин Бекам и Никол: Еве кои ВИП гости ќе дојдат, што ќе носи невестата, каде ќе се слави…

Цел Холивуд зборува за големиот настан: нема сомнеж дека свадбата на Бруклин Бекам и Никола Пелц е настан на годината. Не само затоа што се наближува, на 9 април, туку зашто сатнува збор за историска свадба на двајца млади богаташи.

Ѕвезди – гости се разбира ќе има во изобилство. Веќе е потврдено присуството на Џиџи Хадид, Гордон Ремзи (многу добар пријател на тато Бекам), Елтон Џон (кум на младоженецот), целата екс група Спајс Грлс, Ева Лонгорија, синот на Мадона – Роко Ричи и принцот Хари со сопругата Меган Маркл.

Да, војводите од Сасекс ќе бидат таму, а експертите за кралското семејство веќе го означија нивното присуство како „несоодветно“ и покрај пријателството што со години ги поврзува со семејството Бекам. Причината е едноставна: зошто да присуствувате на свадба откако беа сензационално отсутни од комеморацијата одржана пред неколку дена во Вестминстер за принцот Филип.

Хари и Меган, всушност, не беа на комеморацијата, беа единствените во семејството што не беа до кралицата Елизабета, која рекла дека „многу жали“ според извори блиски до Бакингемската палата, цитирани од британските таблоиди. Згора на тоа, „тенко е“ оправдувањето со кое војводите се обидоа да го оправдаат отсуството: Хари стави до знаење дека не заминал во Лондон затоа што не се чувствува безбедно со оглед на тоа што ја нема заштитата на Скотланд Јард по губењето на титулата, но не објасни зошто наместо тоа на 16 април ќе лета за Холандија на Игрите Invictus, историското спортско натпреварување меѓу ветераните. И тогаш, каква е разликата – сите тие се јавни настани – сосе свадбата на Бруклин Бекам и Никола Пелц.

„Мислам дека некогаш може да зажали за тоа“, изјави кралскиот биограф Фил Дампиер Јард за Дејли Меил.

Подготовките за свадбата на Никол и Бруклин се при крај. Суштинските работи се веќе познати, почнувајќи од фактот дека ќе се одржи на имотот на Пелц во Палм Бич, Флорида: лускузна вила од 103 милиони долари, со поглед на океанот, со голем парк каде што бракот ќе се слави со еврејски обред, бидејќи таа е Еврејка.

Која е идната сопруга на БРУКЛИН БЕКАМ: Никол од лулка живее милионерски живот, во раскошни вили и приватни авиони, а богатството на Бекам е џуџе за она на татко ѝ!

Познато е и дека Никол ќе носи фустан на Валентино и дека поради оваа причина веќе двапати била во Рим, а ја пречекал лично Пјерпаоло Пичоли, креативниот директор на луксузната модна куќа.

Од друга страна, костумот на тато Дејвид Бекам веќе го видовме: тој го покажа на фотографија на Инстаграм, позирајќи во друштво со неговиот татко Тед Бекам и неговиот свекор Тони Адамс кои го придружуваа во изборот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Слични објави

Ова се двете работи кои Здравко Чолиќ ги сака пред настап

E.A.

Јована Јеремиќ јавно му се обрати на новото момче: Објави фотографија и најави соочување – „Првпат очи в очи“

E.A.

Мегапопуларниот пејач со сопругата и децата се вселува во нова куќа: Слоба Радановиќ и Јелена поставија 3 елки и голема ѕвезда пред својот дом

E.A.

Ќерката на Дино Дворник по долги години ја откри семејната тајна: : „Татко ми се враќаше дома без пари, станот беше распаднат“

E.A.

Конечно призна! Еве што Јелена строго им забранува на своите ќерки, особено на Атина – ова ќе ги шокира сите

Еспресо

(Фото) Сопругата на Милош Биковиќ сподели бајковита сцена: Синот Василиј ужива во новогодишната магија во домот

Еспресо
Се вчитува....