12.8 C
Скопје
18:40 - 3 април, 2026

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

Православните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица.

Денеска е денот на Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) – голем православен празник и ден на сеќавање на Богородица, заштитничката на мајките, децата и болните.

Голема Богородица, како што се нарекува и овој празник, е обележан со црвена буква во православниот календар, а на овој ден верниците, особено жените, одат на причест бидејќи овој ден се смета за празник на жените и на мајките.

Според преданието, на денот на Успение на Пресвета Богородица, сите апостоли освен Тома се собрале околу нејзината смртна постела, а самиот Христос слегол со мноштво ангели по неа. Богородица Му се обратила со молитва на благодарност и побара благослов за сите оние кои ќе го почитуваат споменот на неа.

Бидејќи Пресвета Богородица се смета и за заштитничка на болните, верниците денеска посетуваат извори со лековита вода, на Литургии, како и во манастири да се помолат за здравје барајќи помош од Богородица. Со строг пост, во ова време се изразува благодарност кон Богородица преку молитви.

Обичај е на денешен ден да се заборави на обврските, на проблемите и на неволјите и да се посветиме на состојбата на својата душа.

Слични објави

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо
Се вчитува....