18:03 - 10 јануари, 2026

Деми Мур конечно ја потврди врската со 13 години помладиот Швајцарец

Холивудската актерка Деми Мур последните неколку месеци тајно се гледа со еден од најпознатите готвачи во светот, Швајцарецот Даниел Хум.

59-годишната глумица официјално ја објави љубовната врска со 46-годишниот Даниел на Инстаграм со нивните заеднички фотографии направени на овогодинешното Отворено првенство на Франција (French Openu) и на улиците во Париз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Деми Мур по разводот со третиот сопруг Ештон Качер не откриваше многу за својот љубовен живот, а беше поврзувана со многумина. Американските медиуми пред неколку месеци пишуваа за нејзината врска со успешниот Швајцарец кој се дружел со Меган Маркл и Лорен Пауел Џобс.

Магазинот Пејџ Сикс откри ексклузивна приказна за новата љубов на актерката. Парот беше фотографиран на почетокот на март во првите редови на ревијата на модната куќа Клои за време на модната недела во Париз. Тие биле снимени заедно и додека го напуштале хотелот во кој престојувале.

„Тие се многу вљубени и тоа им е вистински предизвик во моментов. Даниел работи многу напорно, држи долги смени во неговиот ресторан Eleven Madison Park, но сепак наоѓа време за Деми. Таа често му се придружува на романтични вечери во ресторанот“, открија извори блиски до парот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniel Humm (@danielhumm)

Инаку, познатиот готвач е сопственик на елитните ресторани NoMad ширум светот, како и на Davies and Brook во Лондон. Пред три години го поврзуваа со вдовицата на Стив Џобс, но не е јасно кога точно тој и Лорин Пауел Џобс ја завршиле романсата.

Успешниот Швајцарец често беше забележуван во друштво на Меган Маркл пред таа да се омажи за принцот Хари, а сега задоволство најде во прегратките на 13 години постарата холивудска актерка.

Ова не е прв пат Мур да се вљуби во помлад маж. Пред Хум таа осум години беше во брак со 15 години помладиот Ештон Качер. Претходно долго време беше во брак со актерот Брус Вилис, со кого има три ќерки, и се уште се во одлични односи.

Пред да го запознае Вилис и да основа семејство со него, Деми пет години беше во брак со музичарот Фреди Мур.

Слични објави

„Сакаше да се омажи за мене ако ѝ купам стан и автомобил“: Познат пејач добил директна понуда од Мина Костиќ

Еспресо

Почина мајката на Перо Камиказа: Музичарот објави трогателна фотографија и објава

Еспресо

ВИДЕО | Ела Дворник откри долго чувана семејна тајна: „Мојот татко имаше сериозна болест“

Е.А.

Дневен хороскоп за 10 јануари: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.
Се вчитува....