19:48 - 12 април, 2026

ДЕЦАТА И ВИСТИНАТА ЗА ДЕДО МРАЗ: Детски психолог ја разреши вечната дилема!

Не постои дете во светот кое не слушнало за Дедо Мраз и тоа е една од најубавите новогодишни магии во сечие детство.

КАКО ДА ПРИВЛЕЧЕТЕ СРЕЌА И ПАРИ: Фенг шуи трикови за китење елка и празнично украсување на домот

Дедото со долга бела брада во црвено одело го поминува целиот свет во својата кочија која ја влечат ирвасите и им носи новогодишни подароци на сите деца во светот.

unplash

Ова е една од најубавите и најкорисни родителски лаги. Тука се зачинува приказната дека Дедо Мраз буквално на секое умно дете ке му донесе подарок, а за возврат сака само една чаша млеко и неколку колачиња кои ќе го очекуваат на масата.

Но, речиси секогаш се поставува прашањето кога на децата треба да им се каже дека Дедо Мраз всушност не постои.

„Како и кај се што би требало да биде тајна – знаењето е моќ. Ако се децата на возраст кога сами ќе се посомневаат, тогаш треба да ја дознаат вистината“, вели детскиот психолог.

Можете да ги прашате децата што мислат дали некој може за само една ноќ да го помине целиот свет и за секого да достави подароци. Доколку за нив тоа е можно и длабоко веруваат во тоа, не им ја уништувајте фантазијата.

unplash

Детето од своите врсници може да ја слушне вистината за идентитетот на Дедо Мраз, па можно е да почне да ве распрашува, а никако не сакате да дојдете до момент тоа да се чувствува излажано само од ваша страна.

„Вистинскто време на детето да му ја кажете вистината е веднаш штом се појават првите сомнежи“, објаснува Коулсон, истакнувајќи дека е потребно да ги научите децата дека не е добро да им ја уништат магијата на оние кои се уште веруваат во Дедо Мраз.

„Потсетете ги дека другите родители можеби се уште не им ја откриле тајната на своите деца и дека е добро таа да остане меѓу вас“, заклучува Коулсон.

АСТРО-СРЕЌА: Откријте кој е Вашиот најсреќен ден во 2022 година според Вашиот хороскопски знак!

Слични објави

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо
Се вчитува....