20:42 - 4 април, 2026

Дарко Лазиќ искрено за бракот и идните планови со Катарина: Време е за бебе!

Во август годинава српскиот фолкер Дарко Лазиќ и неговата избраничка Катарина се заколнаа на вечна љубов и направија голема свадба за која сè уште се зборува.

Како што велат во интервјуто за „Блиц“, во последно време им се случиле многу убави и помалку убави работи, но, овој период секако ќе остане запаметен по нивниот брак и заеднички живот.

„Нашата свадба е дефинитивно нешто што ја одбележа оваа година. Секако, ќе одбележи многу повеќе од една година“, рече Катарина, додека Дарко се пошегува за себе:

„Само ако до Нова година не се разведам пак, па пак се женам. Работев многу во изминатиот период, но еве ме, ја остварив желбата што ја чекав сите овие години. Отсекогаш сонував да правам свадба затоа што пеев на огромни свадби, но не можев да направам своја. Тоа е навистина посебно искуство за мене, а ако ме прашувате за личниот успех, јас сум неразделен од мојата сопруга. Сè што правиме, правиме заедно и славиме сè заедно“.

Дарко и Катарина не кријат колку се среќни и заљубени како што беа првиот ден, а открија дека би сакале да ја исполнат својата улога како родители.

„Дај Боже, тоа не е планирано, но навистина би сакале“, призна Дарко и додаде:

„Генерално, ништо не планираме, оставаме животот да си оди како што треба. Секогаш кога планирав нешто во мојот живот, тоа не испадна како што треба“.

Инаку, Лазиќ е јасен пример дека љубовниот живот не мора да пати поради кариерата.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се заедно откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....