23:51 - 30 јануари, 2026

Дарко Лазиќ ѝ забранил на мајка си да се премажи: Пропадна венчавката во Париз

Мајката на српскиот фолк пејач Дарко Лазиќ една година е во врска со извесен Драган од Холандија, а нејзиниот нов партнер дал изјава за медиумите дека наскоро планираат да се венчаат и тоа во Париз.

Како што пренесуваат српските медиуми, Дарко и неговиот брат Драган ја поддржале мајка си да го продолжи животот по смртта на нивниот татко Милан, но пејачот ја замолил да не брза со бракот бидејќи смета дека нема потреба од тоа, пишува српски „Курир“.

„Дарко и неговиот брат ја поддржаа Бранка кога таа им соопшти дека има партнер, бидејќи видоа дека е среќна и дека тој се грижи за неа. Меѓутоа, на Лазиќ му пречеше кога ја прочита изјавата на момчето на мајка му дека планираат свадба. Седна да разговара со Бранка и ја замоли да не избрзува со бракот, бидејќи во декември ќе навршат три години откако татко му починал и мисли дека сè уште е рано за венчавка. Мајка му се обиде да му објасни дека нејзиниот партнер само така кажал и дека тие само сонуваат за венчавање во Париз. Дарко ѝ рекол дека тие се во сериозни години и дека нема потреба на овие години да се венчаваат и дека можат да живеат заедно и без официјално на хартија.

Тој мисли дека оваа свадба дополнително ќе ја повреди баба му Милка од страната на татко му, а тоа ѝ го рекол на мајка си. Бранка го уверува дека не треба да се грижи за тоа и дека ако сака повторно да се мажи, прво ќе разговара со него и со неговиот брат, но дека засега нема такви планови. Таа му соопштила на партнерот што ѝ рекол Дарко, па тој му се јавил на пејачот и му се извинил за изјавата што ја дал во врска со венчавката, и му рекол да не се грижи и дека тоа нема да се случи во блиска иднина. Му нагласил и дека ја сака и ја почитува неговата мајка и дека ако некој се сомнева во неговата сериозност кон неа, тој е подготвен да се ожени со неа за да го убеди во спротивното“, вели изворот од Брестач и додава дека Драган сè уште не дошол во нивната семејна куќа.

 

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо

(Фото) Азис позираше со сопругот: „Ви посакуваме среќа на сите“

E.A.

Босанац купил стан од Вики Миљковиќ: Тој има една од најскапите вили во Белград, сега стана сопственик на уште една недвижност

Еспресо

Ја пронајде својата среќа: Харис Џиновиќ има нова партнерка која е 20 години помлада од него

E.A.

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо
Се вчитува....