08:09 - 14 ноември, 2026

(Фото) Дали знаете која е пејачката на фотографијата? Денеска го слави 44-тиот роденден, а со децении го држи тронот на најубавата Србинка на сцената

Српската пејачка Наташа Беквалац денеска има голема причина за славење бидејќи го слави својот 44-ти роденден.

Таа традиционално на роденденот оди на пат со својата сестра Кристина, па така беше и овој пат.
Наташа на својот инстаграм-профил објави фотографија од аеродром со сестрата Кристина и нивните ќерки Хана и Петра.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

Покрај фотографијата која е направена сега, тие објавиле и фотографија стара 10 години од 2014 година, а разликата е видлива кај нивните ќерки кои сега се пораснати и многу личат на своите мајки.

Само неколку часа подоцна, Наташа објави фотографии од Ибица, Шпанија, каде што ќе го прослави 44-тиот роденден.

„Денеска ми е роденден… Ви благодарам на сите за прекрасните желби, честитки, ви благодарам за љубовта што ја чувствувам секој ден. Сепак животот е највредниот подарок и затоа одлучив секој ден, но секој момент да го поминам во радост, благодарност и насмеана покрај своите деца, семејството, прекрасните пријатели и луѓето што ги обожавам. Славењето може да започне. Прв ден…“, напиша Наташа покрај фотографиите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

Да потсетиме, Наташа со години организира роденденски патувања на различни светски дестинации, од Тоскана, Монако, Миконос и многу други дестинации.

Наташа е родена на 25 септември 1980 година, а нејзиниот татко Драгољуб Беквалац е поранешен фудбалер и фудбалски тренер, додека нејзината мајка Мира е домаќинка.

Поради својата убавина го доби прекарот новосадската Барбика. Во младоста имала кафеава коса, а денес има руса и е фатална убавица.

Зад себе има 3 брака и две ќерки. Многу мажи лудуваа по неа, а еден беше нејзината голема љубов.

 

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 15 ноември: Искористете го денот за релаксација

Е.А.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо
Се вчитува....