7.8 C
Скопје
22:40 - 31 март, 2026

(Фото) Да го сретнете на улица нема да го препознаете: Боба од „Жикина династија“ денеска го слави 68. роденден и изгледа сосема поинаку

На денешен ден во 1955 година е роден српскиот актер Владимир Петровиќ, кој публиката го засака како Боба Павловиќ во хит серијалот „Жикина династија“.

Авантурите на пријателите Жика и Милан се тука за да го насмеат народот, а љубовта на Марија и Боба за да потсети дека вистинските чувства на двајца вљубени, и покрај сите препреки, можат да опстанат.

И покрај љубовта што ја добиваше од публиката во тие години и бројните покани повеќе да се посвети на актерството, Петровиќ се откажа од сцената и се посвети на маркетингот.

И додека сите, и покрај фактот дека станува збор за серија, верувале дека тој е навистина вљубен во Марија, поточно во актерката Ријалда Кадриќ, тој ја сакал и ден-денес ја сака Јасминка, со која ги поминал најубавите моменти од својот живот, иако не крие дека во нивниот брак имало и кризи.

Познатиот Боба се посвети на семејството, најпрвин на сопругата Јасминка, писателка за деца, со која има две деца – синот Игор и ќерката Ана.

Петровиќ ужива во спокојот и благосостојбата на своето семејство, ужива да поминува време со своите внуци, а и покрај годините, сепак е многу посветен на својата професија, која првично беше негово хоби.

– Имам рекламна агенција и со години се занимавам со тој бизнис. Направивме разни реклами – изјави претходно Петровиќ.

Бидејќи со години живее далеку од камерите, факт е дека многумина денес не би го препознале на улица бидејќи многу се променил.

Фотографијата како денес изгледа Владимир Петровиќ можете да гја погледнете ТУКА.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....