-2.2 C
Скопје
19:44 - 22 декември, 2024

Д-р САШО ДОХЧЕВ за Светскиот ден на бубрегот (10.март): Еве кои се ризик факторите за појава на бубрежна болест и кои се првите симптоми по кои треба да закажеме преглед

Денес се одбележува Светскиот ден на бубрегот, а потребата од зголемување на свесноста за здравјето на нашите „неверојатни бубрези” е голема.

– Во 2013 година бевме петти во Европа по број на трансплантации, а деветти во свет. Во овие две години, за жал, имаме помал број на трансплантации, 2020 и 2021 времето на ковид, вели Д-р Сашо Дохчев, директор на Клиниката за урологија и шеф на тимот за  трансплантација.

Пореметено мокрење е првотот нешто по кое треба да се помисли на некое заболување на бубрезите, посебно кај повозрасните.

Светскиот ден на бубрегот се одбележува секој втор четврток во месец март и негова мисија е да се зголеми свеста за значењето на бубрезите за нашето здравје.

Една од целите на овој ден е да се упати повик на сите луѓе да проверат дали се под ризик за болест на бубрезите.

Кои се ризик факторите за појава на бубрежна болест и кои се првите симптоми по кој што треба да закажеме преглед?

– Пореметено мокрење е првотот нешто по кое треба да се помисли на некое заболување на бубрезите, посебно кај повозрасните. Секое крварење кое ќе се јави во урината е алармантно, посебно она крварење кое се јавува без болка, без никаква причина оддеднаш се јавува крварење, тоа не треба да се занемари, тоа треба да се испита. По ова, со подоцнежните испитување ги откриваме и карциномските заболувања на бубрезите. Колку порано го детектираме карциномското заболување, со хируршка интервенција ќе го излекуваме пациентот на подолг временски период, па и доживотно- објаснува Д-р Сашо Дохчев.

Постојат многу едноставни начини како може да им се помогне на бубрезите да работат како што треба и да останат колку што може поздрави.

– Пијте многу вода секој ден зашто на бубрезите им се потребни многу течности, особено вода; јадете многу овошје и зеленчук – бубрезите сакаат здрава храна; бубрезите сакаат да бидете активни – затоа вежбајте и спортувајте; немојте да пиете газирани пијалоци и не јадете храна со премногу сол; Немојте да земате лекови на своја рака и не пушете цигари – тоа може да им наштети на бубрезите! И кафето, не пијте во големи количини! Но внимавајте и на покачениот крвен притисок, тој ви кажува нешто!

Кога бубрезите се преоптоваруваат со токсини, може да се појават болести на бубрезите.

– Тогаш немаме многу што да правиме, посебно на терминалната бубрежна болест и третманот со дијализа или трансплантација на бубрег. На нашата Клиника уште од 1977 година се прави трансплантација на бубрези. Порано бројката беше помала, но сега во последните 10 години направивме голема експанзија, да не речам бум во бројот на трансплантации. Некаде после 2014 година успеавме да ја заживееме кадаверичната трансплантација (од починат донор ), претходно трансплантацијата од жив донор беше домонантна. Живата трансплантација од жив дарител е многу почувствителна, затоа што орган земате од жив дарител, тоа е здрав човек, не е пациент. – објаснува Д-р Дохчев.

За поголема свесност кај граѓаните за значењето на кадаверичната трансплантација, Д-р Дохчев вели треба активно да се вклучат и докторите, и медиумите и невладините организации.

– Постои законска регулатива дека сите сме потенцијални дарители по нашата смрт, освен ако личноста изрично не потпишал на нотар дека не се согласува да биде дарител. Но на крај сепак семејството го има последниот збор. Навистина вреди да се дарува бубрег од починат човек за да се спаси живот. Како и останатите здрави органи – вели Д-р Дохчев.

Кога бубрезите се преоптоваруваат со токсини, може да се појават болести на бубрезите

Во Македонија засега годишно се прават меѓу 20 и 50 трансплантации на бубрези и тоа најчесто како донор се јавува некој близок роднина на пациентот. Проценките покажуваат дека годишно во земјава има околу 120 лица кои настрадале во сообраќајна несреќа или поради некоја друга ситуација доживеале мозочна смрт и се потенцијални донори. Во нашата држава процентот на дарувани органи е релативно низок, добиваме 20% од органите на пациенти со мозочна смрт, за разлика од други земји, како што е Шпанија, која добива до 50%.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....