5.8 C
Скопје
03:27 - 1 април, 2026

Цеца пред да замине кај ќерката во Шпанија ја откри вистината за нејзиниот стан во Дубаи: Дај Боже да се случи тоа!

Сумирајќи ги впечатоците по концертот одржан во Врање, пејачката Цеца Ражнатовиќ зборуваше со медиумите за разни други теми – моментално се подготвува да замине кај ќерката Анастасија Гудељ во Шпанија, а потоа се осврна и на гласините дека наводно купува стан во Дубаи.

Цеца без да крие дека би сакала, нагласила дека тоа не е вистина.

– Станот во Дубаи е лага. Дај боже да се случи, многу би сакала да имам стан во Дубаи, не е лоша идејата, но уште не ми е редот. Сега одам во Шпанија со Анастасија. Сега одам на кратко, околу пет дена. Во мај ќе земам повеќе слободни денови, па ќе можам да ѝ посветам повеќе време. Сега ја снимаме „Ѕвезде Гранда“, имам концерти, го правам „Цеца шоу“ и поради обврски можам да заминам само неколку дена – објасни пејачката, а потоа се осврна на снимањето на талент шоуто по смртта на неговиот креативен директор Саша Поповиќ.

– Тоа е координирана екипа, сѐ беше координирано од Саша и ставено под конец. Бидејќи се разболе, за жал, немавме можност да работиме со него за новата сезона. Засега е добро иако е голема празнина која не може да се пополни. Недостасува неговата енергија, „Ѕвезде Гранда“ е негово чедо. Се надевам и верувам во тимот кој работи со него 20 години дека сѐ ќе продолжи таму каде што застана – изјави Ражнатовиќ, која оваа сезона ја отвори со настапи ширум Србија.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....