5.8 C
Скопје
01:54 - 1 април, 2026

Чист луксуз! Еве каде ќе живеат Лепа Брена и Боба Живојиновиќ откако ја продадоа вилата на Бежанијска коса!

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ ја продаваат куќата на Бежанијска коса во која живеат речиси три децении. На овој чекор се решиле кога сфатиле дека импозантната вила станала преголема само за нив двајца, со оглед на тоа што синовите одамна се отселиле и се осамостоиле.

По шпекулациите дека вилата ќе ја купат Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ, многумина се интересираа каде ќе живеат Лепа Брена и Боба по завршувањето на документацијата.

Според пишувањето на српските медиуми, Лепа Брена и нејзиниот сопруг ќе живеат во новоизградена кула којашто се наоѓа во луксузниот дел на Нов Белград. На споменатата локација стан има и нивниот син Виктор, како и бројни познати личности како Милица Павловиќ, Милица Тодоровиќ, Саша Ковачевиќ, Катарина Грујиќ и други.

Цената на квадрат во овој дел од градот е од околу 3.000 до 3.500 евра, што за Брена и Боба не претставувал никаков проблем со оглед на тоа што со текот на годините стекнаа вистинско богатство.

Потсетуваме, Лепа Брена му го кажа судбоносното „да“ на тенискиот ас Слободан Боба Живојиновиќ во салата на хотелот „Интерконтинентал“ во декември 1991 година. Свадбата, се проценува, чинела 50.000 германски марки, што за тоа време било богатство. Брачните партнери го изградиле своето семејно гнездо во прекрасна вила на Бежанијска коса, која сега ја продаваат.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....