10:19 - 14 февруари, 2026

Четири ГРЕШКИ за правење скара што можат да ви ја упропастат забавата!

Грешки кои ја уништуваат скарата можат да ви го уништат празничниот ручек!

Доколку се подготвувате за скара за 1 мај, веројатно веќе сте купиле месо и сте подготвени за вистинска гозба! Но, постојат грешки кои можете да ги направите при печењето месо на скара, што празничниот ручек ќе го претвори во катастрофа!

Избегнете ги овие грешки и направете оброк како вистински мајстор за скара!

1. Грешки со ќумурот

Никогаш не палете ќумур користејќи запаливи течности! Најдобро е да земете парче хартија, да запалите едно жарче а кога ќе светне, полека распоредете го на дното на тавата.

2. Грешки со скарата

Скарата мора да биде чиста и подмачкана, доколку сакате месото да се пече рамномерно, да не се залепи и да не останат парчиња на решетките. Решетките добро исчистете ги и намачкајте ги со масло. Чистењето на решетките може да го направите успешно со парче лимон.

За да се испече месото и да добие вкус на скара, треба да ја оставите скарата да се загрее. Повеќето луѓе овде грешат и брзаат, поради што добиваат печено, но не толку вкусно месо.

3. Грешки со храната

Има причина зошто плескавиците, ќебапите, колбасите или пилешкото бело месо се толку вкусни на скара. Нивната текстура и односот протеин-масти се идеални за овој начин на подготовка.

Немојте да печете риба која лесно се „распаѓа“, поцврсти парчиња месо кои инаку бавно се варат или месо што е обложено со масно ткиво. Таквото месо само ќе почне да капе, маснотиите ќе горат на врелиот јаглен и ќе добиете многу чад и вкус на загореност.

И не заборавајте, Кога ќе го ставите парчето месо на скара, што помалку вртете го и поместувајте го.

4. Грешки со кујнскиот прибор

Секој мајстор за скара ќе ви каже дека вилушките и другите помагала при вртење на месото се најкорисни доколку имаат долги рачки. Ако рачката е прекратка ризикувате да добиете изгореници. Не го прободувајте месото за да го превртите. Со боцкање месото ја губи влажноста и се суши.

Слични објави

Дарко Лазиќ го возеше синот на квад: „Ах како се ужива“

Е.А.

Хороскоп за 14 февруари: Јарците ќе впловат во страсна врска, Близнаците ќе зрачат со еротска енергија

Еспресо

Весна Змијанац во одбрана на Милица Тодоровиќ: „Тој знаел што прави“

Еспресо

(Фото) Водителката на „Амиџи шоу“ се пресели во луксузен стан – мермерна маса од 200 кг, ентериерот е прекрасен!

Еспресо

(Фото) Хрватките полудеа по типот во бела маица од бекстејџот на „Дора“: Еве кој е тој

Еспресо

Хоспитализиран таткото на Милица Тодоровиќ, иако одбивал лекарска помош: Потегот на мајката на пејачката сè уште се прераскажува

apostolova
Се вчитува....