6.8 C
Скопје
09:45 - 1 април, 2026

Чарлс Трети не сака средба со Хари и Меган пред крунисувањето: И датумот не го одбрал случајно!

До пред неколку недели се чинеше повеќе од сигурно: средба за расчистување и разјаснување на конфликтот меѓу кралот Чарлс III и Хари и Меган Маркл, пред крунисувањето на 6 мај, за конечно да се стави крај на контроверзите и отровите. Сега, сепак, експертите на британското кралско семејство го менуваат дискурсот и гарантираат дека нема да има разговор ниту средба меѓу тројцата.

Омид Скоби, коавтор на „Наоѓање на слобода“, неовластена биографија на Хари и Меган, овојпат го искажа своето гледиште. Говорејќи на каналот „Common Sense“ на „Јутјуб“, на прашањето дали навистина ќе има средба пред 6 мај, односно пред крунисувањето, за која многу се зборуваше во изминатиов период, Скоби беше јасен: „Од она што го разбрав од изворите, тоа воопшто не е точно“.

Гласините беа објавени од неидентификуван извор близок до кралот, кој зборуваше за Сандеј Тајмс претходно оваа година. Според информаторот, желбите на Чарсл Трети биле да се сретне со неговиот син и снаа за да ги решат сите несогласувања, особено по објавувањето на мемоарите „Резерва“- книгата бомба на Хари, која не поштеди никого, од неговиот татко до неговиот брат и снаа.

Според британските медиуми, се повеќе е извесно дека Хари и Меган нема да бидат поканети во Лондон на 6 мај на крунисувањето на Чарлс. Меѓу другото и затоа што нивното присуство сигурно ќе ги натера луѓето да зборуваат за нив (повеќе отколку за главниот настан), и секако нивното присуство ќе го оттргне вниманието од оној што би требало да биде апсолутниот протагонист на денот, Чарлс Трети.

6 мај е и роденден на малиот Арчи: Па така војводите од Сасекс, на крајот на краиштата, имаат совршен изговор да останат во Калифорнија. И кралот очигледно тој изговор однапрд им го обезбедил со изборот токму на тој датум.

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....