3.8 C
Скопје
20:28 - 20 декември, 2024

Бурниот приватен живот на Борис Џонсон: Додека бил градоначалник на Лондон, добил ќерка во вонбрачна врска

Британскиот премиер Борис Џонсон поднесе оставка од местото лидер на владејачката Конзервативна партија, но најави дека ќе продолжи да ја извршува функцијата премиер додека партијата не избере наследник. Џонсон ја извршува функцијата премиер од 2019 година, а оттогаш се случија неколку важни настани во неговиот приватен живот.

Во мај 2021 година, Џонсон се ожени со Кери Сајмондс, ќерка на коосновачот на Индепендент, Метју Сајмондс, а парот има две деца. Медиумите ги поврзаа кога заедно го поминаа Денот на вљубените во 2018 година, а минатиот декември Кери објави дека го родила нивното второ дете, ќерката Роми Ајрис Шарлот Џонсон, пренесува Hello!

Во јули 2021 година, откако ја објави својата бременост, Кери откри дека доживеала спонтан абортус на почетокот на годината и се чувствувала „неверојатно благословена“ што е повторно бремена.

„На почетокот на годината имав спонтан абортус поради што бев скршена. Се чувствувам неверојатно благословена што сум повторно бремена, но исто така се чувствував и многу нервозна”, изјави тогаш таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boris Johnson (@borisjohnsonuk)

Џонсон и Сајмонс се верија на крајот на 2019 година, а Џонсон ја објави свршувачката со Кери и нејзината бременост само 11 дена по неговиот официјален развод од Марина Вилер, со која имаше повеќегодишна битка за имотот на суд. Тие го добија своето прво дете, синот Вилфред Лори Николас Џонсон, во април 2020 година.

Иако имаат две деца, Џонсон има малку повеќе искуство како родител. За време на говорот за оставката, Џонсон и се заблагодари на Кери и на сите негови деца, (има седум деца).

Додека бил градоначалник на Лондон, добил ќерка во вонбрачна врска

Британскиот премиер во заминување и неговата втора сопруга Марина Вилер, од која се разведе во 2018 година, имаат две ќерки и два сина: Лара Летис, Касија Пичис, Мајло Артур и Теодор Аполо. Лара е уметник, модна новинарка и модел, а пишувала и за престижните списанија „Татлер“ и „Вог“.

Мило, најстариот син на премиерот, е страствен спортист и одел во Вестминстерското училиште пред да студира на Лондонската школа за ориентални и африкански студии. Касија е писателка и одела во училиштето Хајгејт, а нејзиниот помал брат Теодор студирал на Кембриџ и многу личи на неговиот татко.

За време на бракот со Вилер, Џонсон добил уште едно дете, ќерката Стефани Мекинтајр. Нејзе ја добил во аферата со консултантката за уметност Хелен Мекинтајр, а Апелацискиот суд во 2013 година пресудил дека јавноста има право да знае дека тој добил ќерка за време на прељубничка врска додека бил градоначалник на Лондон во 2009 година.

Пред бракот со Марина Вилер, британскиот премиер бил во брак со Алегра Мостин-Овен, со која се запознал додека биле студенти на Оксфорд. Се венчале во 1987 година, а нивниот брак траел само шест години. Се развеле бидејќи Џонсон започнал афера со Марина Вилер, со која се оженил во 1993 година, 12 дена по разводот.

За време на долгогодишниот брак со Марина, Џонсон не се откажал од аферите, а во јавноста се појавија три негови љубовници. Ја изневерил сопругата и со стриптизерката Џенифер Аркури поради што имал голема афера.

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....