-2.2 C
Скопје
07:50 - 18 декември, 2024

Бруклин Бекам и Никол Пелц бараат „оправдување“ за БЕСНАТА СВАДБА: Критиките не стивнуваат, а на народот му „се лоши“ од вакво расипништво среде војна и инфлации!

Луксузни тоалети, автомобили, шапањ, ексклузивни јадења, бесна свадба која траела цели три дена и тоа за време кога се војува во Украина и кога светот се бори со инфлација, а граѓаните со врзување на крај со крај во месецот, предизвикаа лавина реакции на социјалните мрежи. 

За луксузната венчавка на Бруклин Бекам (23), готвач и фотограф, најстар син на Дејвид и Викторија Бекам и манекенката и актерка Никола Пелц (27), која се одржа минатата сабота на имотот на семејството Пелц на Флорида, пишуваа сите медиуми ширум светот. Гала забавата беше затворена за медиумите, а гостите беа замолени да не објавуваат фотографии од славните личности на социјалните мрежи. Но детали сепак испливаа на површината…И оттука почнаа критиките.

Во јавноста стигна информацијата дека за церемонијата за повеќето луѓе се потрошени неразбирливи 3,5 милиони долари,  па за очекување беа лавината критики постирани на социјалните мрежи, особено во време кога светот стравува од ескалација на војната во Украина.

Поради „расипништвото на Бекамови и Пелц во актуелната ситуација во светот“, последните денови се огласуваат жители од сите меридијани. Младиот брачен пар и нивните богати семејства се критикувани, меѓу другото, дека потрошиле околу 70.000 долари за украсување на вилата со орхидеи и платиле по 250 долари за шише шампањ, во деновите кога беснее војната во Украина и многу семејства околу светот се обидува да смислат начини како да се справат со инфлацијата и  зголемените трошоци за живот.

Бруклин и Никол сакаа да покажат дека не се бесчувствителни и „имуни“ на страдањата на другите и на светската криза, па споделија информации на социјалните мрежи дека побарале од гостите да не им носат свадбени подароци, туку наместо тоа да донираат пари за народот на Украина.

„Татко ми зборуваше на оваа тема во својот говор на свадбата. Бруклин и јас сме скршени поради ситуацијата во Украина и затоа не прифаќавме подароци на свадбата, туку им кажавме на гостите да донираат пари преку линкот што го објавувам овде “, напиша Никол на социјалните мрежи.

Инаку, свадбата на Бруклин и Никол траеше три дена, почнувајќи со луксузна вечера во петок. Минатата сабота беше приреден дочек во семејниот имот Пелц во Палм Бич, кој се простира на повеќе од 4.000 квадратни метри и се проценува на 103 милиони долари, а ден по венчавката беше организиран бранч со младенците, кои пристигнаа на настанот во бесен автомобил – јагуар.

Овој олдтајмер, за кој се вели дека вреди 500.000 долари, всушност е подарок што парот го доби од Викторија и Дејвид Бекам. Инаку, поранешниот фудбалер е инвеститор на компанијата за реставрација Луназ, која го електрифицираше и реконструираше „Јагуарот“ XK140 од 1954 година, откако во јуни 2021 година презеде 10 отсто од акциите на компанијата.

Медиуите пишуваа и за предбрачниот договор кој го потпишале двајцата млади богаташи, но и за гестот на Бруклин да си го додаде презимето на супербогатиот дедо, на веќе познатото презиме Бекам кое останува како негово средно име.

Слични објави

(Фото) Адријана Лима се омажи: Mанекенката ја објави радосната вест и ги покажа бурмите

Еспресо

(Фото) Јубилеен 60. роденден: Маријана и Росана прославија на различни континенти!

Еспресо

(Фото) Погледнете како изгледа синот на Зорица Брунцлик: Првото дете го родила на само 18 години, а пред Кемиша ги бакнувала овие познати музичари!

Еспресо

Саша Ковачевиќ со секси мускули: Поради тоа како изгледа во новите спотови, никој не ни обрнува внимание на песните

Еспресо

Милица Тодоровиќ ги откри мрачните тајни на шоу-бизнисот: На естрадата не се знае кој повеќе се дрогира

Еспресо

Мина Костиќ откри: Би била среќна повторно да станам мајка

Еспресо
Се вчитува....