7.8 C
Скопје
22:52 - 31 март, 2026

Бритни Спирс по вторпат раскина со момчето, тој заминал од нејзината вила

Светски познатата пејачка Бритни Спирс по вторпат ја раскина врската со момчето Пол Ричард Солиз, пишува „Пејџ сикс“. Двојката раскина на крајот на февруари, кога Солиз ги пресели сите свои работи од куќата на Спирс, каде што живееја за време на нивната романса.

Разделбата најверојатно се случила по Денот на вљубените, кога парот се дружел со децата на Солиз на вечера. Спирс, според изворите, имала одличен однос со децата и времето го поминувале заедно. Солиз има девет деца, а Спирс поголемиот дел од времето го поминувала со синовите Тристан (10), Дилан (8) и Николас (6), за кои старателството го има Солиз.

„Тие секогаш си играат и внесоа живот и смеа во нејзиниот дом, каде што беше толку потребно. Нејзината куќа сега е полна со љубов“, изјавил изворот претходно.

Пејачката првпат раскина со Солиз во јули 2024 година, бидејќи чувствуваше дека тој го користи нејзиниот начин на живот. Извор близок до пејачката тогаш изјавил дека на нејзиниот внатрешен круг му олеснало што Солиз повеќе не е дел од нејзиниот живот по турбулентната врска.

Патем, парот започна да се забавува во 2023 година, откако пејачката го ангажираше Солиз да ја одржува нејзината куќа. Нивната романса стана актуелна откако Спирс се разведе од нејзиниот поранешен сопруг Сем Асгари.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....