21:05 - 14 септември, 2026

Бресквица објави брутални слики, а потоа најави големи промени: Вложив многу пари и труд

Младата ѕвезда Анѓела Игњатовиќ, попозната како Бресквица, не престанува да ја интригира и интересира јавноста, а сега објави посебна причина и најави промени.

Таа на својот Инстаграм објави предизвикувачки слики, но и добра вест дека конечно објавува албум во жанрот „турбо-фолк“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BRESKVICA (@brrrreskvica)

– Драги мои, пред сѐ, голема благодарност што ја следевте мојата музика и ме поддржувате – започнува Бресквица на својот Инстаграм, а потоа продолжува:

– Како што многу пати сум кажала, сакам да си играм со жанрови и не ме интересира да се држам само до еден. Ова не значи дека се „барам“ себеси, туку дека сакам да ви дадам апсолутно сѐ што постои во мене. Така е уште од некои стари песни кои ги правев и убави балади до ова што го правам денес, а тоа е турбо фолк. Тоа е жанрот во кој најдобро се чувствувам (барем засега). Ми се допаѓа таа енергија и лудост и мајтап, особено на сцената, како што можевте да забележите.

Како што изјавила, покрај енергија вложила и многу пари, но не се жали со оглед на тоа што сето тоа го прави само за публиката која со години ѝ дава голема љубов.

– Досега собрав многу песни и решив да го издадам мојот деби албум. Она што ме мачи цело ова време е што не знам која песна е подобра… вложив многу пари и труд во секоја песна и секој спот и затоа не сакам една песна да добие повеќе внимание од другите, иако се подеднакво добри. Затоа решив на секој од нив да му дадам малку време да се пробие до својата публика – додава Анѓела.

– Првата песна од албумот, како што знаете, е „Црни шечер“ со мојата драга Зока (прим. аут. Зорана Миќановиќ ). Она што можевте да го видите на Јутјуб е дека следната песна ја направи единствениот диџеј Шон и се вика „Fire and Smoke“. Следната песна можете да ја очекувате на почетокот на август, а потоа по две песни секој месец. Едвај чекам да слушнете и да видите што ви подготвуваме и се надевам дека ќе уживате во тоа исто како и јас додека работев на нив. Турбо и фолк ерата може да започне навистина силно – заклучува Бресквица.

Слични објави

Саша Ковачевиќ имал операција, а само три дена подоцна застана на сцената

Еспресо

(Фото) Изненадување од саканиот – романтичен роденден на Цеце Николова

Еспресо

Жешки сцени од спалната соба — Теодора Џехверовиќ направи хаос на социалните мрежи

Е.А.

(Фото) „Мојот херој“: Емотивна приказна за помалиот син на Панчо, Марјан

Еспресо

Љубов за која сите зборуваа — Анѓелка го остави мажот, па се омажи за неговиот близок пријател

Е.А.

„На земјава ти си најдобрата“: Романтичен гест на саксофонистот Папаз за сопругата

Еспресо
Се вчитува....