15:50 - 3 април, 2026

Бремената мисица скока од среќа: Богдан Срејовиќ ѝ приреди незаборавно изненадување на Јована откако дозна дека ќе добие син

Поранешната српска мисичка и учесничка на „Задруга“, Јована Љубисављевиќ и угостителот Богдан Срејовиќ неодамна се венчаа во тајност, а потоа ја објавија радосната вест и открија дека чекаат бебе.

Откако го дознаа полот на бебето и со јавноста споделија дека чекаат момче, Богдан одлучи да ја изненади Јована со романтично патување.

– Богдан само ѝ го покажа на Јована хотелот што претходно тајно го резервирал, а таа почна да скока од радост! По веста дека ќе станат родители на момче, ова дополнително предизвика насмевка на нејзиното лице, па на нивната среќа сега ѝ нема крај. Јована долго време сакаше да отпатува на тајна локација, но Богдан го чекаше вистинскиот момент да се одлучи на овој потег и да го направи изненадувањето од соништата – изјавил извор близок на парот.

Двојката се венча тајно на крајот на јули, што предизвика гласини за можна бременост. По венчавката, шпекулациите се засилија, а сега Јована и Богдан и официјално потврдија дека чекаат бебе.

Богдан Срејовиќ е угостител и поранешен партнер на српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, додека Јована Љубисављевиќ е поранешна мисица и учесничка на реалното шоу „Задруга“.

Да потсетиме, Цеца и Богдан раскинаа во 2022 година.

Слични објави

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо
Се вчитува....