5.8 C
Скопје
00:35 - 1 април, 2026

Бремената Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ ги спакуваа куферите! Идните родители одат за Мајами

Една од најпопуларните пејачки во регионот, Александра Пријовиќ, потврди дека е бремена со своето второ дете, а според пишувањата на медиумите наскоро ќе ја напушти Србија.

Александра е пресреќна бидејќи ќе ѝ се исполни желбата да има второ дете и да му подари брат или сестра на синот Александар, а прекрасната вест ја израдува токму во моментот кога реши да се повлече од јавноста по успешната регионална турнеја „Од исток до запад“.

Со оглед на тоа дека се работи за рана бременост, па стомачето не се ни забележува, таа успеа навреме да ги заврши сите работни обврски без никој да забележи, а сега целосно ќе се посвети на семејството и одржувањето на бременоста.

Пријовиќ среќната вест ја криела и од семејството неколку дена, а во саботата навечер на интимна прослава ги собрала сите свои најблиски пријатели во семејната куќа на Бежанијска коса, кога им открила дека повторно ќе стане мајка.

– На прославата беа само членовите на потесното семејство. Сите се пресреќни. Филип е воодушевен што повторно ќе стане татко, како и родителите на Александра. Нејзините баба и дедо плачеле од радост што за неколку месеци ќе добијат второ правнуче. Брена и Боба, како и неговите браќа се пресреќни. Сите се многу среќни за нив. Радоста траеше до доцна во ноќта. Подобра вест и подобар новогодишен подарок не можеле да добијат. Сега сите се тука за неа за сè што ѝ треба, а Александра може да ужива и целосно да се посвети на одржување на бременоста“, изјавил изворот за „Курир“.

Идните родители наводно за неколку дена одат на семеен одмор во Мајами, каде Александра максимално ќе се одмори и ќе ужива во првите месеци од бременоста.

– Познато е колку и двајцата го сакаат Мајами, особено затоа што Филип ја запросил таму на плажа. Таму одат секоја година во јануари, па така ќе биде и овој пат. Со оглед на тоа дека е само на почетокот на бременоста, без проблем ќе може да патува. Времето во Америка ќе го искористи за што повеќе да се одмори и да се посвети на семејството, уживајќи на плажа, шопинг, гледање ТВ серии и сè останато што долго време не можеше да го прави поради многубројната работни обврски. Таму може максимално да се опушти, да не размислува за папараците, мирот е она што најмногу и треба во моментов. Се разбира, таа не ни размислува за враќање на сцената во моментов, бебето е приоритет. Слободното време секако ќе го искористи за да слуша мелодии, некои песни се веќе готови, но за тоа подоцна. Сè во свое време“, заклучува соговорникот.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....