7.8 C
Скопје
20:27 - 1 април, 2026

Бранислав Лечиќ имал сообраќајка во Белград

Српскиот актер Бранислав Лечиќ денеска во утринските часови доживеал сообраќајна несреќа во Белград, поточно во близина на црквата Свети Сава.

Лечиќ за „Б92.нет“ потврди дека во утринските часови доживеал полесна сообраќајна несреќа во близина на црквата Свети Сава.

„Тоа беше обичен градски удар, само мал удар, ништо сериозно. Не беше вистинска сообраќајна несреќа, далеку од тоа“, рекол Лечиќ, а на прашањето дали е повреден, истакнал дека се чувствува добро.

„Ма не, никој не е повреден. Добро се чувствувам“.

Инаку, и на средината на септември минатата година Лечиќ имаше сообраќајна несреќа.

На 15 септември 2024 година сообраќајната несреќа, како што тогаш изјавил за „Б92.нет“, се случила на Газела. Лечиќ удрил во тротоарот, а на помош му пришле и учесници во сообраќајот кои веднаш повикале Брза помош која го пренела во Ургентниот центар.

„Сè уште сум во Ургентниот центар. Повредата не е сериозна, го истегнав левиот лакт, но лекарите инсистираа да направат и ултразвук, скенер и кардиоваскуларен преглед“, изјавил Лечиќ тогаш.

За среќа се испоставило дека тој поминал без посериозни повреди.

Слични објави

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо
Се вчитува....