10:06 - 14 ноември, 2026

„Болни умови измислуваат работи“: Јелена Карлеуша се огласи откако остана без новиот инстаграм-профил

Пред неколку дена, Јелена Карлеуша креираше нов инстаграм-профил, кој во рекордно време го заследиа голем број обожаватели, како и домашни и странски јавни личности.

Нејзините фотографии имаа илјадници лајкови и коментари, а потоа преку ноќ нејзиниот нов профил беше затворен. Преку социјалната мрежа „Икс“, Јелена Карлеуш откри што всушност се случило.

– Новиот профил беше избришан бидејќи беше отворен од истата е-пошта како и претходниот, кој беше забранет. Системска грешка што се надевам дека ќе ја решам. Ако не, ќе отвориме нов. Го објавувам ова само за болните умови да не измислуваат изговори – напиша таа.

За потсетување, Јелена размислуваше да ја тужи компанијата „Мета“ за затворање на нејзиниот прв инстаграм-профил. Таа додаде дека, без оглед на исходот, „ќе ми остане горчлив вкус во устата“ поради долгогодишната борба со разни форми на репресија и неправда.

Слични објави

Гоца Тржан ги насмеа сите: Проговори за Раша и својата висина од „метар и ќебап“

Е.А.

Дневен хороскоп за 15 ноември: Искористете го денот за релаксација

Е.А.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо
Се вчитува....