22:20 - 15 ноември, 2026

(Фото) Бастијан Швајнштајгер виден со нова девојка: По гласините за разводот од Ана фотографиран со русокоса убавица, држејќи се за раце

Разводот на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер долго време е централна тема на сите медиуми. Според германските медиуми, поранешната српска тенисерка и нејзиниот сè уште законски сопруг поднеле официјални документи за развод.

Парот кој некогаш важеше за симбол на совршенство дефинитивно се раздели, а австрискиот „Хојт“, повикувајќи се на германски медиуми, објави нови информации кои велат дека овој брак конечно е завршен.

Според овој портал, Бастијан повеќе не живее во заедничката вила на островот Мајорка, а според нивните изјави, таму се само Ана и децата.

Порталот „Хојт“ се повикаа на извори од германскиот „Билд“ и истакнаа дека Швајнштајгер наводно бил виден со нова девојка, кои очевидци ја опушуваат како витка, русокоса девојка.

Според „Билд“, тие се држеле за раце и шетале на плажите на Мајорка, и се сигурни дека оваа врска е сериозна, а споменатиот портал има и фотографии од Бастијан и неговата нова избраничка.

Сепак, ниту Ана Ивановиќ ниту Бастијан Швајнштајгер не се огласиле за да коментираат за овие тврдења.

Слични објави

(Фото) Џејла Рамовиќ во впечатливо издание – блесна во мини фустан со кој ги истакна нејзините долги нозе

Еспресо

Сопругата на Лазар Ристовски ѝ одговори на жена која ја нарече спонзоруша: „Ги доби своите пет минути“

Еспресо

„Каде песно моја“ – меланхоличниот евергрин на Славе Димитров што речиси пет децении ја чува својата магија

Т.Ц.

Весна Ривас ја прослави годишнината со сопругот кој ја изневерувал – се разделија, а денес повторно се заедно

Е.А.

Данијела Мартиновиќ за љубовта со Јосип: „Само го гледам и си мислам: Боже, ти благодарам!“

Еспресо

Верица Ракочевиќ искрено за бракот со 35 години помладиот Вељко: „Ќе ја почитувам неговата одлука, а ако се предомисли, ќе останеме најдобри пријатели“

Е.А.
Се вчитува....