20.8 C
Скопје
13:24 - 27 април, 2024

Богатството на Драгана Мирковиќ се проценува на 100 милиони! Од имотот, бизнисите и автомобилите на пејачката и Тони ќе ви се сврти во глава

Богатството на фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ и нејзиниот (сега поранешен) сопруг Тони Бијелиќ со години е јавна тема.

Тони има стекнато вистинско богатство во Австрија, тој е сопственик на фабриката за погони „Maybach Coupe“, сопственик на салон за автомобили, како и на градежни компании и на телевизијата DM SAT.

Телевизијата која ги носи иницијалите на името и презимето Драгана Мирковиќ е основана од пејачката и нејзиниот поранешен сопруг во 2005 година во Пожаревац. Тие брзо стигнаа до листата на најгледани канали, борејќи се за престижно место во морето на комерцијални телевизиски станици.

Двојката поседува и салон за луксузни автомобили, а меѓу нивните клиенти има и многу нејзини колеги.

Драгана и Тони поседуваат бројни имоти, како и огромен замок кој го изнајмиле на 100 години и кој е уреден по најнов стил, а деталите за внатрешноста и надворешноста го одземаат здивот.

Во една прилика Тони откри дека сиот имот ѝ го префрлил на пејачката – како причина навел: „Затоа што сакав“.

Сепак, многу позначајни извори на приход се оние создадени од заедничките деловни потези на Драгана и нејзиниот поранешен сопруг Тони. На прво место, тоа е телевизијата на чело со пејачката.

Една од најголемите балкански ѕвезди Драгана Мирковиќ често може да се најде на листите на една од најбогатите јавни личности од овие простори и пошироко.

Според последната проценка на веб-страницата „Net Worth Celebrities“, нејзиното богатство изнесува 100 милиони долари.

Бијелиќ влече корени од селото Шимиќи во Босна и Херцеговина, кое неодамна го посети со синот Марко, каде што Бијелиќ има скромна куќа и градина, опкружена со чиста и недопрена природа.

Многу познати личности ја погледнале понудата на Бијелиќ, па Лепа Брена во 2016 година купила Majbah S500 од 150.000 евра, Бобан Рајовиќ Бентли за 200.000 евра, Јелена Карлеуша BMW X6, кој била околу 100.000 евра, на Дара Бубамара ѝ се допаднал мерцедес вреден околу 100.000 евра, а Маја Беровиќ земала Хамер кој вреди околу 200.000 евра.

Како што пишуваат српските медиуми, сите автомобили биле земени на лизинг од Бијелиќ, а тоа го тврди и Драгана.

– Мојот сопруг е сопственик на брендот Мајбах Купе, а на колегите им помагам на најлесен начин да ги добијат автомобилите што ги сакаат и да платат помалку. Ако некој од моите колеги има потреба, а реално, не е лесно да се дадат во готово толку пари за добар автомобил, моите пријатели им ги даваат автомобилите на рати. Плус тие добиваат попуст благодарение на нас. Јас и Тони ги прашавме пријателите и тоа беше спроведено на дело. Среќна сум кога моите колеги возат добри автомобили, па ако можам да им помогнам, зошто да не. Не сум суетна – изјавила своевремено Драгана.

Автомобилите купени од Драгана Мирковиќ на сцената се препознаваат по тоа што сите имаат регистерски таблички кои почнуваат со буквите ДОН.

Медиумите наведуваат и дека листата на должници е долга, и дека пејачката не мора да прави ништо до крајот на животот. Таа може да живее само од каматата што ѝ ја плаќаат за автомобилите што ги позајмиле.

Прва објава на Тони Бијелиќ за разводот со Драгана и неговата љубовница: Отсекогаш сум бил чесен и достоинствен!

Слични објави

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо

(Фото) Силни зборови на Драгана Мирковиќ по разводот: „Многу сум посилна отколку што мислев, се сакам новата себе!“

еспресо

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Астропрогноза за сабота, 27 април: Важно познанство за Лавовите, многу среќа за Скорпиите

еспресо

Среќлии во љубовта: Два хороскопски знаци ќе доживеат возвишена љубов во мај

еспресо
Се вчитува....