7.8 C
Скопје
19:37 - 1 април, 2026

Бјелогрлиќ доби шест месеци условна казна поради физичкиот напад врз Антонијевиќ

Првиот основен суд во Белград донесе првостепена пресуда во постапката против актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ за насилничко однесување кон неговиот колега Предраг Антонијевиќ. На Бјелогрлиќ судот му изрече мерка опомена – условна казна, пренесува „Н1“.

Имено, тој е осуден на затворска казна од шест месеци, која нема да се изврши доколку во рок од две години не стори ново кривично дело. Судот утврди дека во конкретниот случај, условната казна од шест месеци е доволна за да се влијае обвинетиот во иднина да не врши кривични дела.

Инаку, Антонијевиќ го пријави Бјелогрлиќ за инцидентот во хотелот „Амбасадор“ во Ниш во 2021 година кога меѓу нив дошло до физички конфликт. Судењето започна на крајот на март 2022 година, а Бјелогрлиќ тогаш се изјасни за невин.

Слични објави

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....