17:34 - 5 декември, 2025

Бил пијан и не бил сам во автомобилот: Полицијата се огласи за сообраќајката на поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ

Тони Бијелиќ (51), поранешен сопруг на српската пејачка Драгана Мирковиќ, во понеделникот доживеа сообраќајна несреќа во Опатија, пишува српски „Скандал“, кој објави и фотографија од уништениот автомобил. Тој го возел својот блиндиран ролс-ројс, вреден околу половина милион евра, на кој е направена огромна материјална штета.

Според информациите што ги објави „Скандал“, Тони во моментот на несреќата не бил сам во автомобилот, но за среќа, никој не е тешко повреден.

– Тони не бил сам во автомобилот во моментот на несреќата, но за среќа, никој не е тешко повреден. Бизнисменот е исто така добро, но е изнервиран од сè што се случи, не толку поради оштетувањето на автомобилот, колку поради фактот дека можело да дојде до трагедија – пренесува „Скандал“.

Камион со кран пристигнал на местото на настанот за неколку минути и го однел автомобилот на Тони во Виена, додека Бијелиќ заминал со пријателите кои дошле да го земат, пишуваат српските медиуми.

Проценетата штета на автомобилот е околу 100.000 евра, пренесува српски „Телеграф“.

Според соопштението на Полициската управа Приморско-горанска, возачот на германското возило, за кој се претпоставува дека е Тони, удрил во паркирано возило, изгубил контрола и удрил во уште два паркирани автомобили.

Полицијата на местото на несреќата затекнала 51-годишен државјанин на Австрија, кој изјавил дека бил патник во возилото, додека возачот го напуштил местото на настанот без да остави податоци за контакт.

– Затекнатото лице изјавило дека било сопатник во наведеното возило, а дека возачот го напуштил местото на настанот без да остави свои податоци и информации за возилото на сопствениците на оштетените возила. Во сообраќајната несреќа нема повредени лица. Следниот ден, во Полициската управа Опатија се обратиле 51-годишен државјанин на Австрија и 36-годишен државјанин на Србија, кој на полицијата ѝ рекол дека управувал со наведеното возило и ја предизвикал0 сообраќајната несреќа – се наведува во соопштението, пренесе „Телеграф“.

– Со понатамошната кривична истрага е утврдено дека сторител на сообраќајната несреќа е 51-годишен маж, како и дека тој управувал со возилото под дејство на алкохол од 1,66 г/кг и е прекршочно санкциониран по одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, додека 36-годишниот во моментот на сообраќајната несреќа бил надвор од Република Хрватска. Осомничениот 36-годишник поради сомнение дека сторил кривично дело давање лажен исказ е кривично пријавен до надлежното државно обвинителство – стои во соопштението, како што пренесува „Телеграф“.

Слични објави

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо
Се вчитува....