6.8 C
Скопје
12:31 - 22 декември, 2024

(Фото) Подарок од свекрвата и награда; Биба Додева двапати се разнежни во само четири часа

Поп пејачката и претседателка на Здружението „Борка“ има причина за прослава овој викенд. Две радосни вести ја разнежнија, една по друга, со кои се пофали на својот Фејсбук профил во временска „раздалеченост“ од само четири часа.
Првата радост се однесува на наградата – Хуманитарец на годината, а втората – за свекрвата!
Да почнеме со наградата. Имено, Здружението на граѓани Куќа на среќата за прв пат оваа година организираше номинации за избор на хуманитарци за 2021 година, без гласање за победници, зашто секој што бил хуман е победник за некого. Целта на овој избор „Хуманитарци на годината“ е ,преку оддавање на признание на сите оние кои во 2021 година дале придонес во полето на хуманоста, да ги истакне во повеќе хумани категории, да ги вреднува нивните акции и активности во текот на годината, како и да ги мотивираме да продолжат и понатаму да бидат хумани и дадат придонес за едно подобро и похумано општество, велат од Куќа на среќата и додаваат дека „во овој избор номинациите беа направени од ваша страна – граѓаните, во различни категории при тоа наведувајќи барем една нивна хуманост, односно причина за нивна номинација“.
Меѓу хуманите поединци се најдоа и Борче Стаменов, Биба Додева, Елена Божиновска, Моника Чекаловиќ, Ивица Здравковски, Беким Асани, Никола Темелсковски…
По оваа номинација, се огласи на својот Фејсбук профил Биба Додева, поп пејачка и претседателка на Здружението „Борка“:
– Ме изненади номинацијава, после 15 години постоење на БОРКА некој да се сети на мене..
Многу често ме прашуваа и ми велеа – а бе даваш, помагаш ама никој фала да ти каже, напротив и плукаа кој како ќе стигне, најгласни беа оние кои не мрднале со прст за другите.. Но, мојот татко ме научи да давам и помагам без да очекувам ништо за возврат. Да помагам затоа што јас верувам во тоа. Такви сме цела фамилија. Верувам дека ако секој од нас пружи рака на еден човек во моментот кога сме му најпотребни, па макар само да е совет или рамо за плачење, овој свет ќе виде подобро место за живеење. На кантар никогаш не мерете ја добрината и делата, бидејќи кој колку може, дава и пружа помош во одреден момент. И нема поголема награда од тоа да знаеш дека дека те препознале луѓето дека помагаш, се обидуваш да направиш некои промени и вложуваш напори да направиш подобро општество, подобри услови за сите. Сите овие познати и непознати личности и уште еден куп добри граѓани се изворот на добрина и љубов која треба да ја негуваме. Ме погодивте и ме разнежни дека и мене сте ме ставиле со овие прекрасни, големи луѓе. Ви благодарам. Да се чуваме, да се почитуваме и да со помагаме, и денес, и утре, и за нас и за нашата иднина, бидејќи како велат… камбаните бијат за сите нас, напиша Додева.
Потоа седуваше уште една златна вест. И тоа, поврзана со свекрвата.
„Кога свекрвата има префинет вкус и знае да одбере вистински накит“, напиша Биба и секако, сподели фотографија од подарокот кој ѝ го украси вратот.
фото фејсбук

Слични објави

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо
Се вчитува....