16:53 - 6 април, 2026

„Без наслов“ на Жан Мишел Баскија продаден на аукција за 85 милиони долари

Претходниот сопственик, јапонскиот милијардер Јусаку Маезава, го купил во 2016 година за 57 милиони делото создадено во 1982. Засега не е познат идентитетот на купувачот.

“Untitled” („Без наслов“) на Жан Мишел Баскија беше продадена на аукција во Њујорк за 85 милиони долари. Претходниот сопственик, јапонскиот милијардер Јусаку Маезава, го купил во 2016 година за 57,3 милиони, а прогнозите покажувале дека може да се продаде за околу 70 милиони.

„Што го имав делото– објасни Маезава – беше големо задоволство“, но уметност „треба да се сподели да може да биде дел од сечиј живот“.

Идентитетот на новиот купувач не е познат.

Маезава веќе предизвика сензација во 2017 година, купувајќи уште едно ремек дело на њујоршкиот уметник, за 110,5 милиони долари.

Милијардерот стави до знаење дека сака да создаде нов музеј за да ја покаже својата колекција, откако ја основа Фондацијата за современа уметност во Токио.

Пред да се најде на аукција, сликата од 1982 година беше изложена на светска турнеја во Лондон, Лос Анџелес и Тајпеј.

Слични објави

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.
Се вчитува....