06:10 - 3 април, 2026

Авганистанските новинарки и водителки се вратија на телевизија со букри

Сите водителки и репортерки на авганистанската телевизија денеска се појавија на екраните со покриени лица, ден по пркосењето на наредбите на талибанците кое беше замолчано за смао 24 часа.

Авганистанските медиуми се надеваа, во заедничка акција, да ги убедат талибанските власти да го повлечат барањето, но извршителите на режимот инсистираа дека наредбата е конечна и не може да се разговара за отстапки.

„Длабоко сме тажни денеска“, напиша на Фејсбук уредникот на „Толо њуз“, Ахполвак Сафи. Сафи сподели фотографија на која машките новинари од ТВ каналот ги покриваат своите лица со црни превези во знак на солидарност со своите колешки.

За време на емисија во живо, Басира Џоја, водителка на Ариана њуз, изјави дека исламот никогаш никому ништо не наметнал со сила. „Ние се бориме и продолжуваме со нашата работа, дури и со бурка. Ништо не може да не спречи“, рече таа со скршен глас.

Ова правило дојде набргу откако Талибанците го направија задолжителен превезот на лицето за сите авганистански жени кои ќе се појават во јавност.

Откако се вратија на власт на 15 август минатата година, тие воведоа строги рестрикции за медиумите и ги нарушија човековите права во Авганистан. Новинарите беа тепани и апсени затоа што си ја вршеа работата. Жените и девојчињата се лишени од многу права, вклучувајќи ги и оние за образование, работа и движење.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....