6.9 C
Скопје
04:14 - 1 април, 2026

(Фото) Ава Карабатиќ има нова работа и еве каде ќе се пресели: „Немам што повеќе да барам на Балканот“

Хрватската старлета и ријалити учесничка Ава Карабатиќ, која пошироката јавност ја запозна преку разни телевизиски проекти, по загубата на нејзиниот татко, почна да ја планира иднината.

Како што открила во својата последна објава, со која ги изненади своите следбеници, Ава заминува во Швајцарија.

„И така… за жал, живееме во држава и општество кое поттикнува непотизам, корупција, сексуално искористување итн…“, започнала Ава.

Во продолжение на објавата, Сплиќанката открила што планира да прави во Швајцарија.

„Мамо, ти благодарам што размисли однапред и ме советуваше да се запишам на здравствено училиште. Има доста медиуми итн…, следната станица е Швајцарија, дом за стари и немоќни лица, односно негувателство. Немам што повеќе да барам на Балканот“, рекла таа.


Оваа објава ги изненади нејзините следбеници, кои во коментарите пишуваат поделени реакции.

„Остани тука“, „Среќно Ава“, напишаа следбениците, иако имаше и такви кои се чуделе на нејзината одлука.

По загубата на нејзиниот татко, што беше особено тежок период за неа, Ава Карабатиќ повторно активно се вклучи во јавниот живот. Се чинеше дека е среќна и задоволна и не навестуваше дека може да бара подобар живот во Швајцарија.

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....