12:54 - 5 декември, 2025

АУДИЦИЈАТА за нови членови и солисти е денес и утре! Разговор со Бобан Јосифовски, директор на „Златно славејче“

И годинава на 26.04.2022 (вторник) или на 27.04.2022 (среда) со почеток во 18:00 часот, во просториите на Советот за грижи и воспитување на децата на град Скопје (Бул. Илинденска бр.55.) ќе се одржи аудиција за нови членови на хорот и солисти – вели директорот на детскиот фестивал „Златно славејче“, најстариот детски музички фестивал на Балканот, а втор во Европа, и напоменува дека право на учество имаат сите деца на возраст од 7 до 12 години.

фото – ПРИВАТНА АРХИВА

Фестивалот „Златно славејче“ е ризница на многу автори, композитори, пејачи. На фестивалот своите први настапи ги имаа голем број македонски музички sвезди како: Тоше Проески, Калиопи, Ана Дурловски, Симон Трпчески, Стефан и Мартин – дуото Некст тајм, Влатко Илиевски, Давид Темелков, Маја Гроздановска Панчева и многу други.

Во текот на 50 години испеани се многу хитови: „За сите деца“, „Дувна ветре развигорче“, „Ах тој крокодил“, „Рингишпил“, „Слончето Бимбо“, „Кап, кап“, кои за среќа децата и нивните родители ги пеат на детските родендени, училишни приредби, дружења.

– Секоја година во месец април имаме аудиција за прием на нови членови на хорот и солисти, со тоа даваме шанса на голем број талентирани деца. Затоа и оваа година на 26.04.2022 (вторник) или на 27.04.2022 (среда) со почеток во 18:00 часот, во просториите на Советот за грижи и воспитување на децата на град Скопје што се наоѓа на Бул. Илинденска бр.55. (Веднаш до Пионерски дом Карпош) ќе се одржи аудиција за нови членови на хорот и солисти. Право на учество имаат сите деца на возраст од 7 до 12 години. Сè што треба да направите е да дојдете за да пееме и да се забавуваме со сегашните и идните славејчиња – вели Јосифовски.

Интересот на децата секоја година е огромен. Шансата да ја покажат својата музикалност ќе имаат сите дечиња на возраст од 7 до 12 години. Потребно е само да дојдат и да се забавуваат на својот можеби прв јавен настап пред комисија.

– Родителите нè прашуваат дали треба да се подготват, пријават и слично, но навистина нема потреба од некоја посебна подготовка, за децата доволно е само 5 минути за да се опуштат. Од 7 до 12 е најдобрата возраст за детето да ужува во тоа. Една година е голема разлика во детскиот свет, кај возрасните не. Сепак се работи сериозно со дечињата, се работи за сериозна фестивалска подготовка, настап и сцена.

Затоа и ден денес „Златно славејче“ е реномиран детски фестивал, со традиција од веќе заокружени 50 години. Оваа година веќе течат подготовките за 51то издание на фестивалот.

– Активностите на хорот „Златно славејче“ траат во текот на целата година и можам да кажам дека и тоа е еден од главните предуслови за успешен и квалитетен фестивал. Покрај фестивалските приредби кои редовно се одржуваат во месец ноември, имаме и безброј настапи по разни поводи низ државава во текот на целата година. Би напоменал дека хорот „Златно славејче“ учествува и на манифестации кои ги промовираат детските права, традиционалните вредности, семејството, еднаквоста, здравјето, хуманоста. – вели Јосифовски.

Првото издание на „Златно Славејче“ се одржа на 23 мај 1971 година во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата на град Скопје. Ова е првиот фестивал на детски забавни песни од македонски автори на македонски јазик.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо
Се вчитува....