08:25 - 4 април, 2026

Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски ќе прават свадба: Викендов ќе се забавуваат пред голем број гости

Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски пред речиси една година стапија во граѓански брак, а убавата вест тогаш ја споделија преку неколку фотографии.

Но, се чини дека ваквата формалност не е доволна за крунисување на љубовта на оваа естрадна двојка, па Антониа и Роберт се решија да направат забава и да ја потврдат љубовта пред голем број гости.

Имено, како што дознава „Вистина“, Антониа и Роберт оваа недела, односно на 10 март ќе прават голема свадбена веселба. Деталите за свадбата ги сподели младоженецот кој во интервју за „Вистина“ раскажа за подготовките пред свечениот чин.

„Со оглед на тоа што поголем број од гостите ни се колеги, некако одлучивме да биде овој период од годината како порастеретен, а сакавме и да ја избегнеме свадбената гужва. Секој месец е посебно убав ако се организира се’ како што треба и навреме. Имам некоја позитивна трема, не дека не сум возбуден или еуфоричен, но дефинитинво невестата е повозбудена“, открил Роберт.

Тој откри и дали свадбата ќе биде поинтимна или голема веселба.

„Хмм голема, мала…Сум бил на свадби со повеќе од 500 гости, сум присуствувал и на мини венчавки, така што свадба е свадба, самиот чин е голем без оглед на тоа колку гости ќе брои, еве ние ќе имаме 300“, открил Роберт за „Вистина“.

За добрата атмосфера тој вели дека ќе се погрижат колегите од групата „Арија“ на кои безрезервно им верува.

Слични објави

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо
Се вчитува....