15:37 - 5 декември, 2025

Анастасија и Немања прават две прослави: Шампањот пристигнува од Тоскана, Цеца приредува изненадување!

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ наводно подготвуваат огромна свадбена веселба и тоа на две места. Првата ќе се одржи во Белград, а втората во Севиља. Откако се венчаа во куќата на Светлана Цеца Ражнатовиќ, двајцата решиле да направат огромна свадбена веселба, пишува српски „Блиц“.

Првата свадбена веселба ќе се одржи во Белград, веднаш по Европското фудбалско првенство. Анастасија сè уште размислува за просторот, а она што со сигурност го знае е дека таму ќе бидат педесетина нејзини најдобри и најблиски пријатели и роднини. Со оглед на тоа што Ражнатовиќ се бројни, познато е дека поканите ќе стигаат само на адресите на избраните.

Од друга страна, семејството на Гуде2, кое сега е во одлични односи со Ражнатовиќ, доаѓа на прославата во Белград, заедно со неколку нивни најблиски пријатели. Прославата што ќе се одржи во Севиља е планирана, пред сè, за семејството Гудељ и нивните пријатели кои и живеат таму, но и за потесното семејство на Анастасија Ражнатовиќ.

Немања и Цеца целосно ќе ги финансираат авионските билети и хотелското сместување за сите гости од Белград. Затоа не е чудно што комплетната организација ќе биде на високо ниво.

Како што претходно објавија медиумите, Анастасија се грижи за венчаницата што ќе ја носи, додека за менито на прославата ќе биде задолжен Намања.

– Додека Анастасија се грижи за венчаницата и фустанот кој би го облекла подоцна, Немања повеќе е задолжен за храната и пијалаците, бидејќи сака да има посебно мени. Венчаницата на Анастасија ќе ја изработи познат дизајнер од Њујорк и таа ќе оди таму на проба, јас баш и не се разбирам во  имињата на тие дизајнери, па не запамтив кој е во прашање. Знам дека веќе добила нацрт кој во некои делови го преправила и дека ги избрала материјалите кои ѝ биле понудени за ваков модел. Направен е според нејзините мерки. Од друга страна, Немања побарал сирењата да бидат од Шпанија и Италија, како и шампањот кој пристигнува од Тоскана – изјавил претходно извор за „Блиц“.

Со оглед на тоа што Немања и Анастасија граѓански се венчаа во Белград, непосредно пред почетокот на Европското фудбалско првенство, каде Гудељ ги брани боите на Србија, ќе треба да се почека за меден месец. Сепак, како што напиша „Блиц“, младенците планираат патување на егзотична дестинација кое ќе ја плати Цеца. Штом Немања ќе се ослободи од секојдневните тренинзи, брачната двојка ќе ги спакува куферите. Се шпекулира дека Цеца има подготвено и изненадувачки подароци, и дека е многу емотивна поради бракот на наследничката која ќе живее во Шпанија.

 

Слични објави

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо
Се вчитува....