04:18 - 25 февруари, 2026

Анабела Атијас завршила во полиција поради кавга со сосетката: Пејачката се огласи и порача

По веста дека Анабела Атијас завршила во полиција поради наводна расправија со сосетката поради паркинг место, пејачката се огласи за српски „Телеграф“ и ги демантираше тие наводи.

Како што пренесоа српските медиуми, Анабела наводно имала непријатна ситуација со сосетката од зградата која нападот го пријавила во полиција. Имено, пејачката се скарала со жената поради паркинг место, но не ни сонувала како сè ќе заврши на крајот.

Понатаму се наведува дека соседката ѝ ги искршила бришачите на шофершајбната на автомобилот на Анабела, а таа подоцна повикала полиција.

Во оваа прилика ја контактирале Анабела која ја демантирала оваа вест, и тоа остро.

– Страшно, јас сум во шок што прочитав. Ништо од тоа не се случи, имам одлични односи со соседите. Една сосетка ми ја испрати оваа вест и ме праша: „Што се случува?“. Навистина е страшно што некој се обидува да ми ги уништи прекрасните односи со моите соседи – рекла Анабела.

Налутена поради објавувањето на лажната приказна, Анабела вели дека семејниот адвокат ќе се позанимава со тоа.

– Со ова ќе се занимаваат нашите адвокати, мислам дека доста беа лаги за мене. Живеам мирен и повлечен, нормален живот – заклучила Анабела за „Телеграф“.

Инаку, претходно некои медиуми објавија дека Анабела Атијас неодамна наводно имала непријатна ситуација со сосетка од зградата која го пријавила нападот во полиција.

Како што пишува „Свет“, Анабела има проблем, бидејќи кога го паркира автомобилот пред зградата, сосетката постојано ја блокирала со автомобилот, а таа често не може да паркира додека не го помести возилото. Така неодамна отишла на шопинг и кога излегла, ја видела сосетката како паркира зад неа иако има многу слободни места. Пејачката ѝ пришла и ја прашала дали е можно намерно да ѝ го блокира автомобилот и тогаш настанала драма.

 

Слични објави

„Јас сум скапа жена, спонзоруша“: Ќерката на Дино Дворник си ја отвори душата

Еспресо

Гоца Тржан за поранешниот сопруг: „Многу се коцкаше, од бракот излегов гола како гасеница“

Еспресо

Кеба ја откри тајната на здравјето: Секое утро зема „природен антибиотик“ од манастир

Еспресо

Сузана Манчиќ се сели од својот стан од 175 квадрати во Белград: „Стана неподносливо!“

Еспресо

(Фото) Поранешна хрватска мис со објавата за борбата со ракот ги растажи сите

Еспресо

(Фото) Татко и ќерка на скијање: Дејвид Бекам создава нови спомени со ќерка си Харпер

Еспресо
Се вчитува....