Српската пејачка Ана Николиќ во моменто доживува вистинска драма во приватниот живот откако го пријави својот партнер Горан Ратковиќ Рале во полиција за насилство, по што му беше изречена забрана за приближување од 30 дена, пишува српски „Курир“.
По физичкиот конфликт со продуцентот, пејачката отишла во хотел со својата пријателка за да се оддалечи од сите, а потоа во својот стан во Вождовац, а сега донела нова радикална одлука за својот душевен мир.
Како што дознава „Курир“ од извор близок до Николиќ, таа одлучила привремено да се пресели во родното село Доња Мутница, во близина на Параќин.
– Ана тешко ја поднесе целата оваа драма со Рале. Таа е многу нервозна и постојано плаче. Откако го пријави во полиција, му испрати најмалку 500 пораки. Тој ги прочитал сите, но не одговорил на ниту една, што ја излуди. Рале сè уште многу ја сака и веднаш би ѝ одговорил, но не се осмелува. Најмногу се плаши дека таа сака да го искористи тоа како доказ дека тој ѝ пристапил и со тоа ја прекршил забраната за пристап – рекол извор и додал:
– Во нејзиниот стан во моментов владее хаос. Сега одлучи да оди во родното село Доња Мутница. Ѝ рекла на пријателката дека ѝ е потребен мир, дека таму ќе ѝ биде најдобро и дека кога ќе отиде на гробот на нејзиниот татко Душан и ќе разговара со него, веднаш ќе се чувствува многу подобро. Јас не знам како таа таму ќе биде сама. Колку што знам, нејзината куќа таму е во грмушки, бидејќи долго време не е косена, а фасадата е доста дотраена и запуштена. Можеби во меѓувреме платила некого да ја поправи, не знам. Верувам дека старите соседи таму ќе бидат среќни за неа, но ќе видиме колку долго ќе издржи. Таа сигурно ќе оди и во некои манастири таму, вели дека тоа многу ѝ годи во тешките момнети – заклучил соговорникот за „Курир“.
Ана, да потсетиме, го загуби својот татко рано, а во една прилика откри што би сакала да му каже ако беше сè уште жив.
– Можеби би му рекла да знае дека го сакам. Тоа му го шепнав и додека беше во кома. И сега, да речеме, кога одам на гробишта… Мојот возач еднаш се крстеше, ми вели: „Дали донесе звучник и штикли?“ Му велам: „Да, да, зошто? Јас разговарам со татко ми таму.“ Никогаш не се случило цигарата да не изгори до крај, никогаш. Јас сум пушач 33-тата година, постојано сум во некои улоги. На 33 години, целиот свет престанува да пуши, јас почнувам, и веднаш две кутии. И секогаш ја гасам на половина, како покојната Марина Туцаковиќ, не ми се допаѓа нешто потоа. Цигарата на татко ми, секоја што ја запалив, изгоре до крај – изјавила Николиќ за „Хајп“ во тоа време.
