6.8 C
Скопје
04:46 - 31 март, 2026

Амина Муади негира дека имала афера со раперот зад грбот на Ријана

Коментарите и шпекулациите на социјалните мрежи не стивнуваат откако Луис Писано, инфлуенсер и моден критичар кој има над 130.000 следбеници на Инстаграм, објави дека Ријана и раперот Асап Рони пред неколку дена раскинале, и дека причина е неверството на раперот.

„Ријана му раскина откако го фати како ја изневерува со дизајнерката на чевли Амина Муади“, стоеше во објавата на неговиот твитер-профил.

Амина Муади, која ја нарекуваат господарка на кристалните чевли, има полуроманско и полујорданско потекло, а пораснала во Италија. Сакала да се занимава со мода уште од мала, а кариерата ја започнала како стилист во модни списанија во Италија. Со Ријана работи на брендот Фенди.

Муади на Инстаграм ги негираше гласините дека наводно имала афера со Асап Рони, а како што рече, решила да се огласи по повод гласините, не поради себе, туку поради луѓето кон кои има „голема почит и наклонетост“.

„Отсекогаш верував дека една неоснована лага која се шири на социјалните мрежи не заслужува никаков одговор или појаснување, особено ако е толку подла. Отпрвин претпоставував дека овие лажни озборувања, измислени со лоша намера, нема да бидат сфатени сериозно. Меѓутоа, во последните 24 часа се потсетив дека живееме во општество кое толку брзо доаѓа до заклучоци за некои теми без разлика на фактичката основа и дека не постои граница. Дури и за време на она што треба да биде едно од најубавите и најславните моменти во животот“, напиша Муади на Инстаграм, алудирајќи на блажената состојба на Ријана.

Ријана и Асап Роки се уште не се огласија.

Господарката на кристалните чевли: Која е Амина Муади и дали ќе биде причина за раскинување на врската на Ријана и Асап Роки?

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....