18:26 - 16 февруари, 2026

„Амиџиќ е на породилно“: Бојана откри зошто Огњен не е во „Ѕвездите на Пинк“, па се осврна и на разводот

Српската водителка Бојана Лазиќ пристигна на снимањето на „Ѕвездите на Пинк“ расположена како и обично.

Веднаш открила дека ќе ја води емисијата денеска и утре бидејќи нејзиниот колега Огњен Амиџиќ, како што вели, е на кратко породилно отсуство по раѓањето на неговата ќерка.

– Огњен има два дена породилно отсуство, така што јас сè сама правам денеска и утре. Се слушнав со него, сè е во најдобар ред и во среда славиме! Јас сè уште се смеам на фактот дека јас бев таа што го откри полот на бебето, затоа подобро да не кажувам ништо повеќе – рекла водителката низ смеа, а потоа ја искоментирала жешката тема, скандалот меѓу поранешните сопружници Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ.

– Тоа не би ми се случило затоа што не делев имот по разводот. Секој си имаше свое. Јас секогаш сум на страната на жената, но мислам дека такви работи не треба да прават партнери кои се разделиле, а имаат деца.

На прашањето дали би простила неверство.

– Јас ништо не простувам, а особено не неверство. Она што се случува сега, каде што мажите водат двоен живот и ги изневеруваат своите жени, и овие теми, е навистина страшно и загрижувачко.

Бојана открила дали некогаш дознала нешто за некоја позната личност, кога станува збор за оваа тема и дека тоа ја шокирало.

– Мене ништо повеќе не може да ме шокира, а верувам и вас. Денес е такво време што сè стана нормално.

А, дали атрактивната водителка е заљубена.

– Тоа секогаш ме прашувате! Да ви кажам, откако се разведов, јас секогаш сум задоволна и заљубена – рекла Бојана за српски „Курир“.

 

 

 

– .

Слични објави

(Фото+видео) Јелена Томашевиќ имаше посебна улога: Пејачката го избра претставникот на Грција за Евровизија, па го објави победникот

Еспресо

(Фото) Дуа Липа го покажа задникот во проѕирен фустан од тантела: „Не остави ништо на фантазијата!“

Еспресо

(Фото) Северина доживеа фијаско на концертот во Подгорица – празни трибини во Арената!

Еспресо

Ева Рас шокираше со изјава за смртта: „Го молам Бога кога ќе умрам да одам во пеколот“

Еспресо

„Бебето го ставија во кеса за ѓубре, не го ни држев во раце“: Потресна исповед на инфлуенсерката Марија Мандиќ

Еспресо

(Фото) Се огласи ќерката на Здравко Чолиќ по бомбашкиот напад: Уна ја заинтригира јавноста со нова фотографија

Еспресо
Се вчитува....