5.8 C
Скопје
04:33 - 1 април, 2026

Амбер Херд чека второ дете, по бурниот развод со Џони Деп

Актерката Амбер Херд, која беше во брак со Џони Деп и се соочи со судење за клевета, го изгуби спорот против актерот, па побегна од Холивуд во Мадрид, објави дека го чека своето второ дете.

Актерката, која некогаш беше многу вљубена и во брак со Џони Деп, ја сподели својата возбудлива вест. Таа веќе е горда мајка на девојчето Уна Пејџ која сега има три години.

Амбер која беше во брак со ѕвездата на култниот филм „Пиратите од Карибите“ Џони Деп од 2015 до 2017 година, а беше во центарот на вниманието поради судење за клевета во 2022 година по нивниот развод, денес го чека своето второ дете.

Амбер оттогаш за многумина е омразена личност, а медиумите пренесуваа дека побегнала во Шпанија бидејќи за неа повеќе немало место во Холивуд.

– Сè уште е рано, па ќе разберете дека не сакаме да даваме премногу детали во оваа фаза. Доволно е да се каже дека Амбер е воодушевена и за себе и за Уна Пејџ – откри нејзиниот претставник за магазинот „Пипл“.

Амбер сега живее во Мадрид, Шпанија и не е познато дали ќе го дочека своето бебе сама или со партнер.

Ѕвездата на Аквамен своевремено изјави дека имало премногу „хаос“ по пресудата во спорот до Џони Деп, што ја навело да се откаже од Холивуд за Шпанија. Првично се преселила на островот Мајорка, но се одлучила за луксузна населба во Мадрид. Амбер во јули 2021 година откри дека ја добила ќерката Уна Пејџ.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....