09:06 - 6 април, 2026

Александра Пријовиќ се враќа на сцената по породувањето, еве каде ќе го одржи својот прв настап

Александра Пријовиќ се враќа на сцената. Пејачката се породи на почетокот на септември, па нејзините обожаватели мислеа дека по породувањето првиот концерт таа ќе го одржи дури следната година.

Сепак, Александра ќе го одржи својот прв концерт по породувањето на 29 декември во Црна Гора, објавува „Нова“. Таа требаше да одржи концерт на плоштадот во градот Бар на почетокот на годината, но го одложи поради трагедијата во Цетиње. Александра неодамна најави и концерт во Сава центарот во Белград, каде што ќе пее за Нова Година.

Според српските медиуми, 30-годишната пејачка се појавила во јавноста неколку пати по породувањето. Таа присуствувала на концерт на бендот „Лексингтон“ во Белград, каде што го отпеа својот хит „Све по старом“. После тоа, присуствувала на настап на Бобан Рајовиќ, а присуствувала и на роденденската забава на нутриционистката Ана Петровиќ во еден хотел во Белград.

На почетокот на септември, таа роди девојче во приватна клиника во Белград. Александра и Филип Живојиновиќ својата ќерка ја нарекоа Арија.

Слични објави

(Фото) Голи раменици, без градник: Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.
Се вчитува....