9.8 C
Скопје
19:10 - 12 март, 2026

Александра Пријовиќ направи спектакл по петти пат во Загреб: Пееше на колена и во солзи, а овие ѕвезди ѝ беа гости

Популарната пејачка одржа пет концерти во загрепската Арена.

Српската фолк пејачка Александра Пријовиќ синоќа по петти пат настапи во преполната Арена Загреб.

Популарната пејачка на публиката и приреди спектакл за паметење. Како што истакна, навикнала  да настапува во најголемата сала во Хрватска, а истакна дека ќе публиката ќе и недостига.

Таа во еден момент заврши на колена на сцената, па со солзи во очите и се обрати на публиката која цело време го скандираше нејзиното име и викаше дека сакаат уште концерти.

„Оф, и јас сакам шеста Арена! Само да знаете… Ве слушам сите! Би сакала да пеам секој ден, толку ми е убаво! Секој концерт со вас ми е најдобар“, рекла Прија, пренесува српски „Блиц“.

Александра Пријовиќ за оваа пригода избрала раскошен проѕирен фустан со светкави детали кој ја следи линијата на телото, а за вториот дел од концертот избрала краток, кожен црн фустан.

Гости на концертот беа Маја Беровиќ, Осман Хаџиќ и Дејан Матиќ, па публиката повторно имаше можност да ги слушне Пријовиќ и другите балкански ѕвезди.

 

 

Слични објави

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо
Се вчитува....