5.8 C
Скопје
05:27 - 1 април, 2026

Александра Пријовиќ го изненади сопругот со подарок од 32.000 евра

Сопругот на Александра Пријовиќ, Филип Живојиновиќ, неодамна го прослави 40. роденден, а според српските медиуми, по тој повод пејачката му приредила вистинско изненадување.

Покрај тоа што организирала прослава на која ги собрала нивните блиски пријатели, Прија го отворила „ќесето“ и му подарила на својот сопруг скап подарок.

„Прија не мирува иако наскоро ќе се породи! Беше брза и со мала помош од семејството, организираше забава што го остави Филип без зборови. Во нивната вила ги собра сите луѓе што им се мили, нарача роденденска торта, а прославата траеше до раните утрински часови. Сите беа весели, расположени и го прославија јубилејниот 40-ти роденден на Филип со многу добра храна и пијалаци“, откри за Информер извор близок до семејството Живојиновиќ и додаде:

-Филип беше изненаден кога ги виде сите луѓе што ги сака. Беше воодушевен од тортата, декорацијата, но и од фактот дека Александра, иако е пред породување, успеала сè да организира. Прославата што му ја приреди е само уште еден доказ дека се оженил со идеалната жена! Црешата на врвот на шлагот дојде подоцна, кога останаа сами. Таа му подари „Ролекс“.

Иако може да си дозволи сè што сака, Филип беше воодушевен од гестот на неговата сопруга и од подарокот.

„Александра не штедеше пари и му подари „Ролекс“ чија цена е 32.400 евра. Бидејќи многу добро го познава вкусот на Филип, не ѝ беше тешко да избере модел, а парите што ги плати за „Ролексот“ за неа беа вистинска ситница. Сакаше да го развесели со подарок за роденден, но и барем на некој начин да му се заблагодари за сè што прави за неа. Филип беше изненаден – навистина не очекуваше такво изненадување. Рече дека часовникот е целосно по негов вкус. Веднаш го стави на раката и верувам дека нема да го вади!“, заклучи изворот.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....