18:41 - 30 јануари, 2026

(Видео) Александар Вучиќ барал Сергеј Трифуновиќ да биде ослободен: Направете сѐ за да го ослободите и да се врати во Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Инстаграм побара итно вклучување на државните органи на Република Србија за ослободување на актерот Сергеј Трифуновиќ, кој беше уапсен во Хрватска.

„Човек кој е мој политички противник , основач на движењето „Слободни граѓани“, но и државјанин на Србија, државјанин на нашата земја, беше уапсен и никој не разбра доволно и добро зошто“, рече Вучиќ.

Тој им се обрати и на хрватските власти и апелираше да постапат рационално и што поскоро да го ослободат Сергеј Трифуновиќ.

„И, апелирам до хрватските власти да разберат дека затворањето на Србите не води кон создавање подобри односи и не сакам да изговарам груби зборови и квалификации како што кажаа тие за Србија, поради задржувањето од десет минути, но само барам од нив да се однесуваат рационално и што побрзо да го ослободат Сергеј Трифуновиќ“, рече претседателот на Србија.

Тој изјави и дека „пред неколку дена видовме општа хајка против државата Србија, организирана однадвор и одвнатре, само затоа што естраден уметник од Хрватска бил задржан десетина минути на граничниот премин“.

„Не беше приведена, не беше уапсена, не беше малтретирана. Истите луѓе внатре и надвор молчеа кога на адвокатот Бериќ од Белград му беше одреден 15-дневен притвор, само поради некоја песна објавена на неговиот личен Фејсбук профил“, рече Вучиќ, алудирајќи на приведувањето на хрватската пејачка Северина на граничниот премин Батровци.

Северина по задржувањето била ослободена, но решила да се врати во Хрватска, по што изјавила дека никогаш повеќе нема да дојде во Србија додека Вучиќ е на власт.

Слични објави

(Фото) Најжешкото издание досега: Јована Јеремиќ позира во чипкан градник и мрежести хулахопки

Еспресо

(Фото) Изгледа 20 години помладо: Кристина Агилера позираше топлес на Модната недела во Париз

Еспресо

(Фото) Ален Исламовиќ годишно заработува 50.000 евра само од ова: Вака изгледа луксузната вила со базен, тениско игралиште и плантажа со лешници

Еспресо

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Еспресо

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо
Се вчитува....