7.8 C
Скопје
17:49 - 19 февруари, 2026

Ал Пачино се раздели од 29-годишната партнерка три месеци по раѓањето на нивниот син: Нур бара целосно старателство на детето

Актерот Ал Пачино и неговата партнерка Нур Алфалах раскинаа три месеци по раѓањето на нивниот син, пренесува The Blast, повикувајќи се на извор близок до парот.

Според изворот, Нур Алфалах поднела документи до соодветните власти во Лос Анџелес за да добие целосно старателство над нејзиниот тримесечен син.

Твитер принтскрин – Ал Пачино и Нур на прво излегување по раѓањето на синот

„Во својата изјава до судот таа бара целосно физичко старателство над детето со обезбедување привремени средби со актерот. Добрата вест е што таа се согласува да му дозволи на Ал Пачино заедничко правно старателство, што ќе му овозможи да учествува во важни одлуки како што се школувањето, медицинскиот третман и изборот на религијата “, вели инсајдерот цитирајќи извадоци од судскиот документ.

Не се знае за колкава сума алиментација станува збор која глумецот ќе треба да ја исплаќа на сега веќе поранешната партнерка Нур Алфалах.

„Во Калифорнија, судот мора и формално да ги утврди родителите и приходите од двете страни пред да донесе налог за издршка на дете. Очигледно, во оваа ситуација, Ал Пачино ќе плаќа солиден месечен износ, со оглед на тоа колку пари заработува годишно “, прецизира инсајдерот.

На 16 јуни, 83-годишниот Ал Пачино и 29-годишниот Нур Алфалах станаа родители на момчето Роман. Ова е четврто дете на Ал Пачино. Актерот кој никогаш не се оженил ја има ќерката Џулија Марија (33) со актерската и професорка по глума Јана Тарант и близнаците Антон Џејмс и Оливија Роуз (22) со актерката Беверли Д’Анџело.

(Фото) Како изгледаат и што прават вонбрачните деца на Ал Пачино, кој на 83 години повторно ќе стане татко

Слични објави

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо
Се вчитува....